Боро Чурлевски (Битола, - , ) — македонски ракометен играч и тренер, легенда на македонскиот и битолскиот ракомет.
Играчка кариера Клупска кариера Играчката кариера ја започнал во Пелистер во 1984 година со кој 3 пати ја освоил вице-шампионската титула во СФРЈ во периодот помеѓу 1984 и 1988 година. Една сезона (1988/89) поминал во РК Црвенка од истоимениот град. Сезоната 1989/90 повторно се вратил во Пелистер. За сезоната 1991/92, Чурлевски преминал во Тутунски Комбинат од Прилеп, со кој ја освоил титулата во Втората ракометна лига на СФРЈ. По осамостојувањето, кариерата ја продолжил во Борец Агропин од Велес со кој го освоил Купот на Македонија 1994. Во 1994 година се вратил во матичниот Пелистер, каде во период од 5 години (1994-1999) освоил две Првенства и четири Купови на Македонија. Во сезоната 1999/00 играл во грчкиот Килкис од Кукуш, а кариерата ја завршил во црногорскиот тим Ловќен со кој ја освоил шампионската титула во СР Југославија во сезоната 2000/01.
Многупати бил прогласуван за најдобар играч и најдобар стрелец на турнирите на кои настапувал: Меѓународен турнир – Добој 1994/96 сезона, Струга 1994/96 сезона, Меѓународен турнир – Лесковац 2000 година, најдобар стрелец во 1989 година во Светозарево и 1992 година во Струга. Репрезентативна кариера Одиграл многу натпревари за Репрезентацијата на поранешна Југославија, освојувајќи бронзен медал на Светското првенство во Романија во 1987 година. Бил дел од првиот состав на македонската ракометна репрезентација со која учествувал на Европското првенство во Италија во 1998 година и Светското првенство во Египет наредната година.
Тренерска кариера Тренерската кариера ја започнал во Пелистер, а работел и во грчкиот Килкис, РК Југ, косовските Кастриоти и Беса, во женската екипа на Патра и во Либија. Последен негов ангажман бил на позицијата тренер на РК Прилеп, на чија клупа седнал во септември 2014 година.
Успеси Титули Прилеп Втора југословенска лига (1) : 1991/92
Борец Куп на Македонија (1) : 1994
Пелистер Супер лига (2) : 1995/96, 1997/98 Куп на Македонија (4) : 1995, 1996, 1998, 1999
Ловќен Прва југословенска лига (1) : 2000/01
Наводи
Категорија:Ракометари од Битола Категорија:Ракометни тренери од Битола Категорија:Ракометари на РК Пелистер