Тројскиот манастир () е историски манастир во градот Чернигов во североисточна Украина.

Првпат бил основан од Антоније Печерски во единаесеттиот век, но манастирот бил урнат во 1239 за време на монголската инвазија.

Тројскиот манастир бил реконструиран од славниот украински архитект Лазар Баранович во 1649. Во соседниот град Новгород-Северски, Баранович основал штампарска преса, што било реткост во тоа време. Подоцна тој ја пренел штампарската преса во Тројскиот манастир. Манастирската непосредна штампарска преса била славна поради гравирањето и библиотеката која содржела повеќе од 11,000 книги.

Главната атракција на манастирот е Тројската катедрала, која била изградена во 1679 како проект на архитектот Јоана Баптист. На врвот од катедралата се наоѓаат седум куполи.

Надворешни врски

Категорија:Туристички атракции во Черниговската област Категорија:Обележја во Черниговската област Категорија:Православни манастири во Украина Категорија:Манастири во Украина