Кале — археолошко наоѓалиште во прилепското село Десово. Претставува населба од доцноантичко време и среден век. Се наоѓа на околу 4 км северно од селото, под врвот Леска, каде на површина од 30 м2 се гледаат траги од ѕидови. И на повисокиот крај на наоѓалиштето, исто така, има темели, и тоа од поголем објект кој се простира на околу 1.000 м2. По површината на теренот се среќаваат фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди и друг градежен материјал, а најдени се и византиски монети. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.
Поврзано Рамниште — фурна од римско време; Клетовник — некропола од доцноантичко време и среден век; Горно Поле — некропола од доцноантичко време; Киш — некропола од доцноантичко време; Ламбичица — населба од неолитско време; Брчки — населба од римско време; Селиште — населба од доцноантичко време; Цркварско — населба од доцноантичко време; Манастириште — црква од непознат период;Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998 Десово; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи
Категорија:Десово