Шеленберг () — општина во низинската областа на Лихтенштајн, на бреговите на реката Рајна.

Историја Рана историја

Областа најпрвин била населена од Келтите, потоа од Рецијанците. Римското Царство ја освоила областа во 15 п.н.е. и ја припоила кон покраината Реција. Подоцна, покраината станала грофовија под водство на Карло Велики. Грофовијата било неколкупати делено помеѓу наследниците.

Грофовијата Шеленберг било купено од грофовите на Вадуц во 1437 година и оттогаш двете држави биле соединети. По Швапската војна во 1499 година, обете потпаднале под австриска власт. Различни династии ги купувале и продавале, додека кон почетокот на век не биле купени од лихтенштајнската династија, која добила принцевски статус во 1706 година, но која побарувала територија со царска непосредност со цел да може да гласа во Собранието на принцовите во Империјата. Царот службено ги споил Вадуц и Шеленберг во 1719 година како Кнежевство Лихтенштајн.

Втора светска војна

Во општината се наоѓа споменик во пограничниот град Хинтершеленберг, во чест на засолништето на руските војници.Schellenberg TravelGuide on Virtual Tourist.com Кон крајот на Втората светска војна, Лихтенштајн им дала азил на околу петстотина војници на Дивизијата Русија, руски сили во рамките на германскиот Вермахт. Ово дело не била мала работа за држава која била сиромашна и имала тешкотии со прехранување и гриѓа за толкава група бегалци. На крајот, Аргентина се согласила да им даде постојан азил на барателите. Спротивно, Британците ги депортирале Русите кои се бореле на германската странда на СССР.

Сообраќај

Во Шеленберг постои мал патен граничен премин до Австрија, на кој се наоѓаат австриски и швајцарски погранични полицајци.

Поврзано Хинтершеленберг

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Општини во Лихтенштајн