Места — село во долината на реката Места во Пиринска Македонија, денес во Општина Банско, Благоевградската област, Република Бугарија. Според проценка од 2024 година, селото има 175 жители.
Историја мини|280x280пкс|Поглед кон црквата „Свети Ѓорѓи“ Пред да добие статус на село, Места била позната како Обидимски ханови.
Места е релативно ново село од 1965 година, сместено на десниот брег на реката Места, на падините на планините Пирин и Родопи.
Се претпоставува дека на оваа територија постоела населба во античкиот период, за што сведочат многубројните фрагменти од цигли и керамика пронајдени при обработката на земјиштето во селото, најразлични садови пронајдени при изградбата на куќите и гробовите и коските откриени во подрачјето на сегашната постоечка здравствена установа.
Во 1957 година било изградено сегашното училиште „Св. Кирил и Методиј“, за што голема заслуга за тоа имал тогашниот кмет на селото Борис Петков. Во него се школуваат ученици од селата Гостун, Филипово и Осеново. Во 1961 година за директор бил назначен Цоло Цолов, кој го проширил училиштето со изградба на ново крило, вклучувајќи студентска работилница и спортска сала.
Во периодот од 1974 до 1978 година селото Места започнало со доградба на селото, со изградба и асфалтирање на главниот пат Добриништа - Неврокоп, а реконструирано било уличното осветлување. По 1979 година се асфалтирале внатрешните улици на селото, се изградила канализација, се изградиле работни станици, водоводна цевка до самото село, како и нов студентски дом, каде во моментов се издаваат општински станови и се наоѓа Градинката Места, отворена во 1992 година.
Во 2014 година бил реализиран нов проект за реконструкција на тротоари и улично осветлување.
Во селото постои и пошта која ги опслужува останатите села во општината.
Географија и местоположба Селото се наоѓа на 660 метри надморска височина на десниот брег на реката Места, на патот Банско - Неврокоп. Места е оддалечена приближно 18 километри југоисточно Банско, административниот центар на општината и приближно 70 километри југоисточно од центарот на Благоевград. На 9 километри од Места се наоѓа селото Обидим.
Демографија Според пописот од 2011 година, во Места живееле 242 жители.
На табелата е прикажан националниот состав на населението во селото, според пописот од 2011 година: НационалностБрој%Бугари23998,76Роми/0Турци/0Други/0Не се самоопределиле/0Не одговориле31,24Вкупно242100,00 На табелата е прикажан бројот на населението во Места за периодот 1965-2011: Година196519751985199220012011Население345326293300293242 Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.
Според Националниот статистички институт на Бугарија, по проценките од 31 декември 2024 година, во Места имало 175 жители.
Културни и природни знаменитости Најголемата знаменитост на Места е црквата „Свети Ѓорѓи“. Изградбата на храмот започнала во 1996 година, а била завршена во 2008 година. Во близина се наоѓа и манастирот „Свети Панталејмон“.
Наводи
Категорија:Општина Банско Категорија:Села во Пиринска Македонија