Жоан Ле Бон (; р. во Лањон) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа .
Кариера
Возејќи како јуниор во 2008 година, Жоан Ле Бон станал европски првак и светски првак за само еден месец. Исто така, го освоил бронзениот медал на европското хронометарско првенство истата година.
Една година подоцна се приклучил на професионалната велосипедска екипа . На Бретонската трка 2010 ја остварил својата прва професионална победа. Исто така ја освоил третата етапа на Куп де насионс Вил Сагене, трка која ја освоил претходната година како аматер и третата етапа на Кројц Брајц, станувајќи целосен победник на трката.
Во 2011 и 2012 година, Жоан Ле Бон бил национален хронометарски првак под 23 години.
Во 2013 година, Ле Бон се приклучил на екипата . На важните тридневни етапни трки Западна Фландрија и Де Пане, Ле Бон завршил петти и четврти, соодветно. Го освоил својот прв подиум со ФДЖ, завршувајќи втор на Тро-Бро Леон. Подоцна истата година, Ле Бон првпат настапил на некоја голема трка со учество на Џиро д’Италија.
Во 2014 година учествувал на велосипедските класици Париз-Рубе и Омлоп Хет Ниувсблад. Повторно бил дел од Џиро д’Италија, но настапил и на Вуелта а Еспања.
Неговата најголема победа ја остварил во 2015 година, кога ја освоил петтата етапа на Енеко Тур.
Достигнувања
2007 1. Етапа 2 Ронд де вале 2008 1. Класик де Алп 1. 20п Европско јуниорско друмско првенство 1. 20п Светско јуниорско друмско првенство 1. Краен пласман Ронд де вале 1. Пролог 1. Тур ди Морбијан 2009 1. Етапа 2 Класик Лоар Атлантик 1. Етоал де Тресињо 1. Краен пласман Вил де насионс Вил Сагене 2010 1. Рут бретон 1. Етапа 3 Куп де насионс Вил Сагене 1. Краен пласман Крајц Брајц 1. Етапа 3 3. Краен пласман Париз-Корез 2. Национално хронометарско првенство под 23 години 2011 2. Париз-Мант ан Ивлин 1. 20п Национално хронометарско првенство под 23 години 1. Планински пласман Тур де Пикарди 2012 1. 20п Национално хронометарско првенство под 23 години 2. Краен пласман Трка околу Тирингија под 23 години 1. Етапа 2 4. Краен пласман Крајц Брајц 6. Краен пласман Тур де Норманди 2013 2. Тро-Бро Леон 3. Национално хронометарско првенство 4. Краен пласман Три дена Де Пане 5. Краен пласман Три дена Западна Фландрија 5. Хроно де Насионс 2014 3. Краен пласман Три дена Западна Фландрија 7. Национално хронометарско првенство 2015 1. Етапа 5 Енеко Тур 3. Хроно де Насионс 8. Краен пласман Тур де л’Еурометропол 9. Краен пласман Букл де ла Мајен 1. Пролог 9. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант 10. Национално хронометарско првенство 2016 3. Дуо Норман (со Марк Фурнје) 5. Тро-Бро Леон 5. Хроно Насионс 10. Краен пласман Три дена Де Пане 2017 Букл де ла Мајен 1. Пролог 1. Етапа 1 1. Пролог Тур де л’Ен 2. Полинорман
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2013 2014 2015 2016 2017 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро11589——— 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур———— 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта—79—СОСО
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Француски велосипедисти