мини|исправено=1.5|Варовничка образба во групата Варшенек од Северните Варовнички Алпи
Варовнички Алпи () — целина од два планинските венци Северните и Јужните Варовнички Алпи долга околу 600 км која се протега напоредно на главниот плански венец на Австриските Централни Алпи, како и на север и југ од нив.
Најпознати групи во Варовничките Алпи се: на север: Ретикон, Ветерштајн, Вилдер Кајзер, Штајнберге, масивот Дахштајн, Мртвите Планини, Гезојсе, Хохшваб и планините Ракс и Шнеберг околу Виена. на југ: Доломитите, Карниските Алпи и Караванките . Профилите на Варовничките Алпи се многу разновидни и се движат од остри врвови и стрмни карпи до високи висорамнини и пространи карстни предели. Имаат стопанско значење како извори на питка вода и имаат голем број достапни окапни и ледени пештери.
Додека централните алпи се претежно составени од кристални карпи (гранит, гнајс) или шкрилци (Високи Таури), Варовничките Алпи се направени од полесни и попорозни карпи. Покрај варовник, содржат доломит, лапорец, песочник и слично.
Поврзано Алпи Орогенеза Тектоника на плочите
Категорија:Алпи Категорија:Планински венци во Европа