Оморика () или Панчиќева оморика () — вид иглолисно дрво ендемски застапено по средниот тек на реката Дрина кај Вишеград во Република Српска, БиХ и во западна Србија, со вкупен ареал од само 60 хектари, на надморска височина од 800 до 1600 м. Како вид првпат е откриена во 1875 г. кај с. Заовине на планината Тара од ботаничарот Јосиф Панчиќ, во чија чест е наречена.Farjon, A. (1990). Pinaceae. Drawings and Descriptions of the Genera. Koeltz Scientific Books ISBN 3-87429-298-3.Rushforth, K. (1987). Conifers. Helm ISBN 0-7470-2801-X.Rushforth, K. (1999). Trees of Britain and Europe. Collins ISBN 0-00-220013-9.

Опис мини|лево|исправено|Омориката во својата автохтона околина Омориката е зимзелено дрво со средна големина кое достигнува висина од 20 м (или, во исклучителни случаи, до 40 м). Стеблото има пречник до 1 м, а леторастите му се светлокадеави и гусо влакнести. Листовите се иглести и сплескани, долги по 10–20 мм темносинозелени на лицето и синобели на опачината. Шишарките се долги по 4-7 см , вретенести по облик, темновиолетови (речиси црни) кога се млади, но темнокафеави 5–7 месеци по опрашувањето, со цврсти лушпи.

Одгледување Вон автохтониот ареал, омориката е застапена како важно украсно дрво во паркови и големи градини и нашироко се цени поради привлечната крошна. Успева на најразлични почви: базни, глинести, исели и песокливи, иако претпочита влажна исцедена иловица. Во помала мера е застапена и во шумарството, за новогодишни елки, дрвена граѓа и добивање на хартија, особено во северна Еворпа, иако поради бавниот раст не е популарна колку ситканската (P. sitchensis) и обичната смрча (P. abies).

Во Македонија смрчата е застапена како парковско дрво и како шумски вид.

Одгледувачите ја имаат вкрстено со црната смрча (P. mariana) и ситканската смрча.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Смрча Категорија:Украсни дрва Категорија:Флора на Србија