Емилија Џипунова (р. во ) — македонска балерина и балетска критичарка.
Како солистка се истакнувала со својата танцувалност и со сигурна балетска техника.
Животопис
Џипунова припаѓа на првата генерација македонски балерини. Таа започнала да се занимава со балет на возраст од 13 години. Како солистка, за првпат настапила во 1949 година, во првата целовечерна балетска претстава „Бахчисарајска фонтана“.
Го завршила Балетското училиште во Скопје во класата на Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова, напоредно со гимназијата. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје. Член е на Балетот при МНТ во периодот 1949-1974.
До пензионирањето во 1975 година, таа учествувала во сите балетски претстави, именувана како „истакнат солист“. Настапувала како солистка во над 30 балети поставени на сцената на МНТ, а нејзините улоги биле високо вреднувана од критиката. Исто така, таа настапувала и во балетските сегменти од повеќе опери, поставувани на сцената на МНТ.
По пензионирањето, од 1979 година е балетски рецензент во Радиото и во печатените медиуми. Автор е на две телевизиски серии за балетската уметност, а напишала и над 70 лексикографски одредници за балетската уметност во повеќе енциклопедии. Најпосле, Џипунова е автор на две книги: „Македонската балетска сцена“ и „Балетот како врвна естетика на играта“.
Улоги Пријателка на Марија (Б. Асафјев, „Бахчисарајска фонтана“); Муза (П. И. Чајковски, „Франческа де Римини“); Колумбина (Л. Делиб, „Копелија“) и други.
Награди
Џипунова е добитник на повеќе награди и признанија од институциите во кои работела, а носител е и на „Орден на трудот со златен венец“, доделен од страна на претседателот на СФРЈ. 2015 - Награда „Менада“.„Менада за достигнувања во областа на танцот за Емилија Џипунова“, Утрински весник, година XVI, број 4754, вторник, 7 април 2015, број, стр. 14.„Наградата „Менада“ за Емилија Џипунова“, Дневник, година XIX, број 5736, вторник, 7 април 2015, број, стр. 19. 2018 - Награда „Св. Климент Охридски“ за долгогодишни остварувања во областа на културата и уметноста. 2021 - Награда „13 Ноември“
Наводи
Категорија:Македонски балерини Категорија:Југословенски балерини Категорија:Добитници на наградата „Св. Климент Охридски“ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“