мини|десно|250п|Ропотамо кај вливот во Црното Море Ропотамо (, од , „погранична река“) — релативно кратка река во југоисточна Бугарија. Извира од масивот Странџа, тече 48,5 км и се влева во Црното Море меѓу одморалишните места Дјуни и Приморско.

Реката е позната по своето устие широко 30 м, каде живеат најразлични растителни видови, од кои преку 100 се загрозени. Долното течение е природен резерват и заштитена област уште од 1940 г. и во него се наоѓа највисоката песочна дина на БалканотНай-високата дюна на Балканите е в резерват Ропотамо. Ова е популарно место за разонода поради убавите водни лилјани на карпестите предели над реката, кои воедно се гнездилиште на белоопашест орел.

Ледник Ропотамо По реката е наречен ледникот Ропотамо на островот Ливингстон во состав на Јужните Шетлантски Острови на Антарктикот.

Поврзано Бугарски црноморски брег Список на реки во Бугарија

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Резерват „Ропотамо“

Категорија:Реки во Бугарија Категорија:Бургас (област) Категорија:Рамсарски места во Бугарија Категорија:Притоки на Црното Море