Спортска сала Градски парк ― затворено спортско здание, односно спортска сала што се наоѓа во Скопје, Македонија. Салата има сместивост од околу 1,400 седишта. Салата е во сопственост на Општина Центар и нејзин главен корисник е КК Работнички. Во салата се одржувани кошаркарски и одбојкарски натпревари.

Местоположба Салата се наоѓа северно од Дебар Маало, на источниот почеток на Градскиот Парк. Источно од салата е Националната арена „Филип II Македонски“.

Историја Салата била изградена и отворена во 1970 година, за потребите на Светското првенство во кошарка 1970, кога салата била домаќин на т.н. Квалификациска рунда.

Во средината на септември 2020 година, било објавено дека главната екипа на КК Работнички нема да настапува во Салата Градски Парк за престојната сезона 2020/21.

Поважни настани одржани во салата Светско првенство во кошарка 1970 - Квалификациска рунда Прва македонска кошаркарска лига - Финале 1993 година Прва македонска кошаркарска лига - Финале 1994 година Прва македонска кошаркарска лига - Финале 1995 година Куп на Македонија во кошарка 1996 Прва македонска кошаркарска лига - Финале 1996 година Прва македонска кошаркарска лига - Финале 1997 година Прва македонска кошаркарска лига - Финале 1998 година Прва македонска кошаркарска лига - Финале 1999 година Прва македонска кошаркарска лига - Финале 2000 година Прва македонска кошаркарска лига - Финале 2001 година Суперкуп на Македонија во кошарка 2001 Прва македонска кошаркарска лига - Финале 2002 година Суперкуп на Македонија во кошарка 2002 Куп на Македонија во кошарка 2003 Прва македонска кошаркарска лига - Финале 2003 година Суперкуп на Македонија во кошарка 2003 Куп на Македонија во кошарка 2004 Прва македонска кошаркарска лига - Финале 2004 година Прва македонска кошаркарска лига - Финале 2005 година Прва македонска кошаркарска лига - Финале 2006 година Прва македонска кошаркарска лига - Финале 2007 година Прва македонска кошаркарска лига - Финале 2009 година Прва македонска кошаркарска лига - Финале 2011 година Прва македонска кошаркарска лига - Финале 2018 година

Галерија

Наводи

Надворешни врски Профил на Салата на fibaeurope.com Профил на Салата на levskibasket.com

Категорија:Кошаркарски собиралишта во Македонија Категорија:Спортски сали во Македонија Категорија:Спортски зданија во Скопје Спортска сала Градски Парк Спортска сала Градски Парк Спортска сала Градски Парк