Четворица како еден (англиски: Multiplicity) е американски филм од 1996 година, во режија на Харолд Ремис. Главните улоги ги толкуваат: Мајкл Китон, Енди Мекдауел и Харис Јулин. Содржина Даг Кини (го игра Китон) е верен сопруг, татко и деловен човек. Тој има преубава жена (ја игра Мекдауел), но напорната работа не му дозволува да ужива во животот. Случајно, тој се запознава со познатиот генетичар д-р Овен Лидс (го игра Јулин), кој ќе му понуди на Даг да го клонира и така да оствари поголема контрола врз својот живот.„Четворица како еден“, Антена, број 876, 10.4.2015, стр. 21. „Четворица како еден“, Антена, број 881, 15.5.2015, стр. 27. „Четворица како еден“, Антена, број 886, 19.6.2015, стр. 16.
Наводи
Категорија: Американски филмови Категорија: Филмови на англиски јазик Категорија: Филмови со Мајкл Китон Категорија: Филмови со Енди Мекдауел Категорија:Филмови од 1996 година