Славица Николовска (родена во во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. По завршувањето на Театарската академија во Загреб, 1971 година, таа се вработила во Драмски театар - Скопје, каде се вклучила во работата на сите сцени, Куклениот, Детскиот, Малата и Вечерната сцена. Се истакнала пред сè како глумица од камерен тип. Нејзината глумечка игра ја одликувала лирска боја и поетско интонирани сценски толкувања.
Поважни театарски улоги
Цвета – Свадба од В. Иљоски Џеси – Дејството на гама-зраците врз сенишните невени од Пол Зиндел Љубов – Чехов од Маљугин Вали – Стапица од Т. Ружевиќ Шортс – Дамите од Аламо од П. Зиндел Болва во уво Сомнително лице Умна глава Карамазови Фоксфаер Сказна за времето Самоубиец Балконот Чест
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1948 година Категорија:Глумици од Скопје Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски филмски глумци