мини|Феро оксид поправилно се именува како железо(II) оксид. Феро (Fe2+), во хемијата, означува соединение на двовалентно железо, спротивно на фери, што означува соединение на тривалентно железо.. Употребата на овие термини е застарена, при што со сегашната МСЧПХ номенклатура оксидационата состојба се запишува во загради со римски бројки, на пр. железо(II) оксид за феро оксид (FeO), и железо(III) оксид за фери оксид (Fe2O3).
Надвор од хемијата, феро е придавка која се користи за да укаже на присуство на железо. Зборот е изведен од латинскиот збор ferrum („железо“)..
Наводи
Категорија:Железо