Ветерница — конструкција која ја претвора енергија на ветрот во вртежна енергија со помош на лопатки или ножеви. Во минатото, ветерниците се употребувале за мелење жито, пумпање вода или и за двете. Повеќето од современите ветерници го добиваат изгледот на ветерни турбини за производство на електрична енергија, или ветерни пумпи за пумпање вода, како и за дренажа на земјиштето или за црпење на подземните води.

Ветерницата како тема во уметноста „Писма од мојот млин“ — збирка раскази на францускиот писател Алфонс Доде од 1869 година.Alphonse Daudet, Pisma iz mog mlina. Zagreb: Znanje, 1986. „Ветерница“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 127. „Ветерниците на твојот ум“ (англиски: The Windmills of Your Mind) — песна на англиската поп-пејачка Дасти Спингфилд (Dusty Springfield) од 1969 година.YouTube, Dusty in Memphis - The Windmills of Your Mind(audio only) (пристапено на 22.12.2019)

Наводи

Категорија:Ветерна енергија