Берберска овца () — вид од потсемејството кози (Caprinae), домороден на карпестите планини во северна Африка. Има шест подвидови. Иако е редок на домашна територија, внесен во јужна Европа, Северна Америка и на други места. Позната е и како аудед, вадан, аруј и арујс.

Во Македонија, примероци од ова животно можат да се видат во Зоолошката градина во Скопје.

Опис Овој вид овци е висок и тежи . По боја се песокливо-кафени (сè потемни како што стареат), оздола малку посветли и со потемна линија на грбот. Горните и надворешните делови од нозете имаат рамномерна црвеникаво-кафеава или сивкасто-кафеава боја. На вратот имаат лелеаво руно (кое досега до градите кај мажјаците) и ретка грива. Роговите им се триаголни во пресек, се извиваат нанадвор, наназад, а потоа навнатре, и достигаат должина од . На допир се мазни, со мали набори при основата што се јавуваат со старост.

Распространетост Природно живеалиште Берберската овца природно живее во северна Африка, и тоа: Алжир, Тунис, Египет, Либија, Мавританија, северен Мали, Мароко, Нигер, Судан и северен Чад (западно од реката Нил и на Црвеноморските Ридови источно од Нил).

Внесени населенија мини|Берберска овца во Лондонската зоолошка градина Како внесен вид, берберската овца е застапена во југоисточна Шпанија, the југозпадни САД, островот Нихау (Хаваи), Мексико, и некои делови од Африка.

Во 1970 г. се внесени единки во југоисточна Шпанија и денес берберската овца е честа на ограничено подрачје во тој дел од земјата и во регионалниот парк Сиера Еспуња, каде е ловен вид. Поради својата прилагодливост, овој вид е во подем и почнува да се среќава во покраините Аликанте, Алмерија, Гранада и Мурсија,Cassinello, J.; Serrano, E.; Calabuig, G. & Pérez, J.M. (2004). Range expansion of an exotic ungulate (Ammotragus lervia) in southern Spain: ecological and conservation concerns. Biodiversity and Conservation 13: 851-866 каде им сопернички на домородните копитари на Пиринејскиот Полуостров. Видот е внесен и на островот Ла Палма (Канарските Острови) и денес е раширен низ северниот и средишниот дел од островот, каде претставува сериозна закана за ендемските растенија.

Таксономија мини|Јаре Овој вид (A. lervia) е единствениот од родот Ammotragus. Меѓутоа, некои автори го ставаат овој род во родот на козите (Capra), заедно со овците (Ovis).

Подвидовите на берберската овца се алопатрички во разни делови на северна Африка: A. l. lervia Pallas, 1777 (ранлив) A. l. ornata I. Geoffroy Saint-Hilaire, 1827 A. l. sahariensis Rothschild, 1913 (ранлив) A. l. blainei Rothschild, 1913 (ранлив) A. l. angusi Rothschild, 1921 (ранлив) A. l. fassini Lepri, 1930 (ранлив)

Живеалишта мини|right|Берберски овци. Берберските овци живеат во степски планински подрачја каде пасат и брстат треви, грмушки и лишаи. Потребата за вода можат наполно да ја задоволат преку храната, но ако ако наидат на течна вода, ја пијат и се валкаат во неа. Активни се рано наутро и на квечерина, а жегата ја минуваат во одмор. Со нозете се многу спретни и можат да скокнат од место дури 2 м во висина. Кога ќе забележат опасност, веднаш бегаат по нагорнините и скокаат напред-назад за да го збунат непријателот.

Имаат преселничко поведение и постојано минуваат по разни планински венци. Главни природни грабливци во северна Африка им се берберскиот леопард, берберскиот лав (истребен) и каракалот, но денес опстанокот им го загрозува само човекот.

Галерија

Наводи

Библиографија Cassinello, J. (1998). Ammotragus lervia: a review on systematics, biology, ecology and distribution. Annales Zoologici Fennici 35: 149-162 Wacher, T., Baha El Din, S., Mikhail, G. & Baha El Din, M. (2002). New observations of the "extinct" Aoudad Ammotragus lervia ornata in Egypt. Oryx 36: 301–304.

Надворешни врски

Берберска овца — The Ultimate Ungulate Берберска овца — Зоолошка градина Скопје

Категорија:Кози (потсемејство) Категорија:Цицачи на Африка Категорија:Таксони опишани од Петер Симон Палас Категорија:Животни во Зоолошка градина Скопје