Логодаж или Логодаш () — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во Општина Горна Џумаја (Благоевград) на истоимената област, југозападна Бугарија. Лежи недалеку од државната граница со Р Македонија.
Географија Селото е сместено во планински предел, 15 км западно од Горна Џумаја, по патот за границата со Р Македонија. Кај селото се наоѓа граничниот премин „Логодаж“ (порано „Станке Лисичково“) преку кој се преоѓа во Општина Делчево. На растојание од 1 км е вештачкото езеро Стојковци.
Историја Во 1891 г. охридскиот интелектуалец Георги Стрезов напишал за селото:
Во 1955 г. Долното Маало на Логодаж е прогласено за посебно село и преименувано во Станке Лисичково, во чест на месниот комунистички деец Станке Лисичков. Во 1959 г. кон Станке Лисичково е присоединето и Горното Маало.Николай Мичев, Петър Коледаров. „Речник на селищата и селищните имена в България 1878-1987“, София, 1989. Во 1993 г. е повратено изворното име на селото.Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995, стр. 511.
Население Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 540 жители, сите Македонци-христијани.
Ова е бројноста на населението според пописите низ минатите десетлетија:
Стопанство и општествени установи Во селото работи претпријатието „Винпром Логодаж“. Селото се одликува со висок стопански развој, со развиена инфраструктура, зачувана природна околина и ниски стапки на престапност меѓу населението. Народното читалиште „Иван Чаушки“ важи за главен културен центар на пограничните села, меѓу кои Клисура и Лешница (Обел).
Природозаштита Во 2012 г. во атарот на Логодаж е прогласено заштитеното подрачје „Наоѓалиште на балканското часовниче“ со цел да се запази живеалиштето на растението балканско часовниче (Erodium absinthoides).
Личности Димитар Стојанов — учител во Селиште (1870) и Клисура (1871 – 1876)Българската възрожденска интелигенция (енциклопедия), ДИ „Д-р Петър Берон“, София, 1988, стр.629. Иван Божинов — доброволец во Руско-турската војна (1877-78); починал пред 1918 г.Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 35. Станке Лисичков (1913 – 1942) — комунистички деец
Поврзано Логодашка Река
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Општина Горна Џумаја Категорија:Села во Пиринска Македонија