Греде (; ; севернофризиски: Groue) — општина и остров во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија.

Со само девет жителиНаселение во Северна Фризија на 31 март 2013 (PDF), 26 ноември 2013 општината која се наоѓа на истоимениот халиг, претставува најмала општина по број на жители во цела Германија. Жителите на островот живеат од туризам и ограничено мало земјоделство. Греде претставува најмал изборен округ во рамките на државата и резултатите се соопштуваат скоро веднаш по завршувањето на изборите.

Кон општината припаѓа и ненаселениот халиг Хабел.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Хализи Категорија:Северна Фризија (округ) Категорија:Острови во Шлезвиг-Холштајн