Лук Роу (; р. во ) — велшки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .

Животопис

Роу започнал со возење велосипед на мала возраст, првично со неговите родители на велосипед тандем. Започнал да ужива во велосипедизмот и станал член на Менди Флајерс. Како младинец бил член на олимписката развојна програма на британската федерација. Неговиот брат Мет е исто така велосипедист, а неговиот татко Кортни Роу го подучува параолимпиецот Сајмон Ричардсон.

Велодромска кариера

Роу го направил неговото европско деби како член на екипата за екипна потера, која го освоила златниот медал на Европското велодромско првенство 2007. Завршил втор на Европското друмско првенство 2008 и го освоил медисон, заедно со Марк Кристијан и среброто на екипната потера на Европското велодромско првенство 2008.

Тим Скај (2012–)

мини|Роу (во златна боја) на Трката околу Британија 2012, носејќи ја водечката маичка на втората етапа. Роу ја освоил првата етапа, неговата прва професионална победа.

Роу се приклучил на екипата за сезоната 2012 како нов професионалец, потпишувајќи на две години. Ја освоил својата прва професионална победа во септември 2012 година со победа на воведната етапа на Трката околу Британија. Негов прв настап на некоја голема трка го имал на Вуелта а Еспања 2013.

Роу го претставувал Велс на Комонвелтските Игри во Глазгов 2014 година и завршил шести на друмската трка, која ја освоил колегата Герајнт Томас. Роу возел на Вуелта а Еспања 2014 и му помогнал на Крис Фрум да заврши втор во генералниот пласман.

Роу имал силен почеток во сезоната 2015 со четврто место на Големата океанска друмска трка Кедел Еванс и седми на Трката околу Катар. Потоа, Роу имал пробив на класиците, завршувајќи деветти на Омлоп Хет Ниусблад (на кој победил колегата Ијан Станард, тринаесетти на Е3 Харелбеке (каде победил колегата Герајнт Томас) и импресивното осмо место на Париз-Рубе, пред Бредли Вигинс (18.), кој ја возел последната трка за Скај. Бил избран во составот на Скај за Тур де Франс 2015, станувајќи третиот велшки возач кој настапил на Тур по Колин Луис и Герајнт Томас.

Во август 2017 година, Роу ја скршил десната нога при скокање во плитка вода на забава во Прага. Како последица не можел да настапи скоро една година. Се вратил на трките порано од очекуваното со настап на крајот на февруари на Трката Абу Даби.

Во февруари 2020 година, Роу потпишал нов договор со , продолжувајќи го договорот со екипата до крајот на сезоната 2023.

Достигнувања Велодромски

2007 1. 20п Европско јуниорско велодромско првенство - екипна потера 1. 20п Национално велодромско првенство - медисон (со Адам Блајт) 1. 20п Бодовен пласман Трка околу Велс јуниори 2008 Европски јуниорски велодромски првенства 1. 20п Медисон (со Марк Кристијан) 2. 15п Екипна потера 1. 20п Национално велодромско првенство - дерни 2. 15п Европско јуниорско друмско првенство 2009 1. ЗЛМ Тур 2. Национално велодромско првенство - медисон (со Герајнт Томас) 6. Копа Коли Бријантеи Интернационале 2010 1. 20п Национално велодромско првенство - медисон (со Марк Кристијан) 1. ГП Спортиви ди Поџана 3. ГП Индустри дел Мармо 4. ГП Палио дел Речото 5. Трка околу Фландрија за млади 6. Краен пласман Трка околу Берлин 8. Трофео Франко Балестра Меморијал Метели 9. Комонвелтски Игри - друмска трка 9. Комонвелтски игри - друмска трка 2011 1. 20п Национално велодромско првенство - медисон (со Питер Кенох) 1. ЗЛМ Тур 1. Етапа 7 Трка околу Тирингија под 23 години 5. Краен пласман Тур де Норманди 8. Ла Кот Пикард 9. Краен пласман Трка Олимпија 2012 1. Етапа 1 Трка околу Британија Серија Револушн Трето коло 1. Скреч 1. Австралиска потера 2. Дуо Норманд (со Алекс Даусет) 2013 Национални друмски првенства 5. Друмска трка 5. Хронометар 9. Краен пласман Трка околу Катар 2014 Национални друмски првенства 4. Друмска трка 4. Хронометар 6. Комонвелтски игри - друмска трка 2015 1. Етапа 1 (TTT) Тур де Романди 4. Национално друмско првенство 4. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“ 7. Краен пласман Трка околу Катар 8. Париз-Рубе 9. Омлоп Хет Ниусблад 2016 4. Омлоп Хет Ниусблад 5. Трка околу Фландрија 2017 1. Етапа 2 Хералд Сан Тур 3. Курне-Брисел-Курне 5. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“ 6. Омлоп Хет Ниусблад 2018 1. Етапа 3 (ТТТ) Критериум ди Дофине 1. Етапа 1 (ТТТ) Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали 2019 6. Дварс дор Вландерен 6. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро style="color:#4d4d4d;" colspan=10 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур——136151167128ДСК129СО106 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања ВуелтаСО141————————

СО = се откажал; — = не учествувал; ДСК = дисквалификуван

Распоред на резултатите на класиците

Монумент 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 Милано-Санремо — — — 130 91 98 146 103 — 118 Трка околу Фландрија — 93 62 505 120 ДСК 27 50 СО Париз-Рубе — 109 318 14 СО СО 32НСО 66 Лиеж-Бастоњ-Лиеж СО — — — — — — — — 134 Џиро ди Ломбардија style="color:#4d4d4d;" colspan=11 Класик 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 Омлоп Хет Ниусблад — 53 11946 — — СО — Курне-Брисел-Курне — — 120 51 843 — — 63 — Е3 Харелбеке — 70 СО 13 23 15 — 54НСО — Гент-Вевелгем — 56 СО СО 22 СО — 18 12 — Дварс дор Вландерен 64 36 66 — — — 226НСО —

СО = се откажал; — = не учествувал; ДСК = дисквалификуван; НСО = не се одржала

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Британски велосипедисти Категорија:Велшки велосипедисти Категорија:Луѓе од Кардиф