Димитар Димитровски - Такец ( - , ) — македонски новинар, писател и публицист, сликар и композитор. Најпознат е како дојаен на битолското и македонското новинарство.
Животопис Такецот е роден во 1922 година. Во својата долгогодишна творечка активност на повеќе полиња дал своевиден прилог во културното, ликовното, поетско и музичко движење во Битола. Студирал право во Софија и Белград. Работел како правен референт, селски учител и новинар, каде најголем дел од кариерата ја минал во Нова Македонија, Битолски весник и Радио Битола. Истражувал материјали за браќата Манаки, за Мустафа Ќемал Ататурк, за Вагнер, за Димитрие Лала и др. Во сликарството остварил 16 самостојни изложби и напишал 20 музички композиции. Бил член на Македонското научно друштво. Починал во Битола на 1 мај 2015 година.
Наводи
Категорија:Луѓе од Битола Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски публицисти Категорија:Македонски сликари Категорија:Македонски композитори Категорија:Членови на МНД Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет