Арденски класици — три велосипедски класици кои се одржуваат во средината на април на Ардените (Белгија) и холандската покраина Лимбург. Трките се познати по своите ридести патеки и често слични возачи настапуваат и се борат за првите места, бидејќи трките се одржуваат една по друга. Од неодамна, трите класици се одржуваат во период од осум дена.
Историја
Единствени победници на „тројката“ се Давиде Ребелин во 2004 година и Филип Жилбер во 2011 година. Жилбер исто така ја освоил и Брабантсе Пејл, уште еден важен ридест класик во април, остварувајќи „четворка“ таа година. Други возачи кои ги освоиле сите три трки, иако не во една година, се Данило ди Лука, Микеле Бартоли, Еди Меркс и Бернар Ино.
Сите три трки влегуваат во рамките на Светската турнеја.
Во поново време, овие три ридести класици се одржуваат во втората половина на април, по слични класици наречени калдрмисани класици.
Подоцна во годината, постојат две слични класици во Италија: Тритико Ломбардо со Тре Вали Варезине, Копа Уго Агостони и Копа Берноки во Ломбардија и Тритико ди Аутуно со Милано-Торино, Џиро дел Пиемонт и Џиро ди Ломбардија.
Победници од 1990 година
Година Амстел Голд Рејс Флеш Валон Лиеж-Бастон-Лиеж 1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
Поврзано Калдрмисани класици Класични велосипедски трки
Наводи
* Категорија:Ардени (департман) Категорија:Велосипедски трки во Белгија Категорија:Велосипедски трки во Холандија