Јацек Бак (; роден на 24 март 1973 во Лублин) — поранешен полски фудбалер, играч од одбраната.
Тој има 96 настапи за полската репрезентација.
Клупска кариера Тој го направи своето фудбалско деби во екипата на Мотор Лублин на возраст од само 16 години, пред да се пресели во Лех Познањ две години подоцна.
Во првата сезона на Бак со Лех Познањ, тој го освоил полското првенство и го заработил својот прв повик во полската репрезентација, играјќи во ремито без голови (0-0) против Кипар на 1 февруари 1993, со само 19 години. По три години во Лех, во 1995 година Бак направил трансфер во Лион. Во шесте години со Лион го освоил француското првенство и Лига купот на Франција.
Тој, исто така играл во Франција и за Ланс (јануари 2002-2005), пред да се пресели на Катар во Ал-Рајан. Во 2007 година, тој се вратил во Европа и играл три сезони за Австрија Виена, каде ја завршил својата кариера во 2010 година.
Репрезентативна кариера Бак ја претставувал полската репрезентација на Светското првенство 2002 кое се одржало во Јужна Кореја и Јапонија и Светското првенство 2006 во Германија.
Кон крајот на 2006 година, Бак изјавил дека му биле понудени пари за да влијае врз исходот на натпреварот од квалификациите за Евро 2008 меѓу Полска и Белгија, во корист на Белгија. На 14 јули 2008 година, по завршувањето на Евро 2008, тој најавил дека се повлекува од репрезентативниот фудбал.
Титули Лех Познањ Полско првенство : 1991-1992, 1992-1993. Суперкуп на Полска : 1992.
Олимпик Лион Лига куп на Франција : 2000-2001.
Ал Рајан Фудбалски куп на Катар : 2006.
Австрија Виена Фудбалски куп на Австрија : 2008-2009.
Надворешни врски
Јацек Бак на transfermarkt Јацек Бак на soccerway Јацек Бак на espn Репрезентативна статистика на RSSSF.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Полски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Лех Познањ Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Лион Категорија:Фудбалери на ФК Ланс Категорија:Фудбалери на ФК Австрија Виена Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2002 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2006 Категорија:Родени во 1973 година