Мајкл Хепберн (; р. ) — австралиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата . Тој е двократен олимписки сребрен медалист.

Од Бризбејн, Хепберн започнал со настапи во велосипедизам на 14 години откако се префрлил од триатлон.

Спортски достигнувања

Некои од најпознатите достигнувања на Хепберн се победата на друмската трка под 23 години на австралиските првенства (на само 18 години) и победата во екипната потера на Светските велодромски првенства 2010 во Данска. Станал познат меѓу австралиската велосипедска заедница во 2009 година кога го срушил светскиот рекорд во дисциплината поединечна потера на 3.000 метри под 19 години на австралиското велодромско првенство пред да го сруши истиот светски рекорд уште двапати за победа на светските јуниорски првенства во 2009 година во Русија. Настапил на Комонвелтските игри во Делхи 2010 година, каде го освоил бронзениот медал во поединечна потера и златниот медал во екипна потера.

Во 2012 година, фокусот му бил насочен на Олимписките игри и потпишување со професионална континентална екипа.

На 8 ноември 2011 година било објавено дека Хепберн ќе се приклучи на за нивната воведна сезона во 2012 година. Во 2012 година го освоил сребрениот медал во дисциплината екипна потера на Летните олимписки игри 2012. Настапил на друмската трка и на хронометарот на Игрите на Комонвелтот 2014, завршувајќи на шестото место на хронометарот.

Во јули 2018 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2018.

Достигнувања Велодромски велосипедизам

2009 Светски јуниорски велодромски првенства 1. 20п Поединечна потера (светски рекорд) 2. 15п Екипна потера Национални јуниорски велодромски првенства 1. 20п Поединечна потера (светски рекорд) 1. 20п Омниум 1. 20п Екипна потера Светски велодромски куп 2009-10 1. 15п Екипна потера, Пекинг 1. 15п Екипна потера, Мелбурн 2010 Игри на Комонвелтот 1. 15п Екипна потера 3. 15п Поединечна потера 1. 20п Светско велодромско првенство - екипна потера 1. 20п Национално велодромско првенство - омниум 1. 15п Светски велодромски куп 2010-11 - екипна потера, Мелбурн 2011 Светски велодромски првенства 1. 20п Екипна потера 3. 15п Поединечна потера Океански велодромски првенства 1. 15п Поединечна потера 1. 15п Екипна потера Национални велодромски првенства 2. 15п Екипна потера 3. 15п Поединечна потера 3. 15п Бодовна трка 2012 2. 15п Олимписки игри - екипна потера 2013 Светски велодромски првенства 1. 20п Екипна потера 1. 20п Поединечна потера 2016 1. 20п Светско велодромско првенство - екипна потера 2. 15п Олимписки игри - екипна потера

Друмски велосипедизам

2009 Трка на реката Мари 1. Етапа 11 1. Етапа 12 2010 1. 20п Национално друмско првенство под 23 години 1. Етапа 1 (TTT) Трка околу Тирингија под 23 години 3. Рогаланд ГП 9. Меморијал Давиде Фардели 2011 1. Етапа 2 Трка околу Норвешка Тур де л’Авенир 1. Пролог 1. Етапа 4 1. Етапа 2 (TTT) Трка околу Тирингија под 23 години 2. Национално хронометарско првенство под 23 години 2. Гран премио дела Либерационе 3. 15п Светско хронометарско првенство под 23 години 6. Краен пласман Трка Олимпија 2012 4. Национално хронометарско првенство 2013 2. 15п Светско првенство во екипен хронометар 2. Дуо Норманд (со Јенс Мурис) 2014 1. 20п Национално хронометарско првенство 1. Етапа 3 (ITT) Трка околу Катар 1. Етапа 1 (TTT) Џиро д’Италија 2. 15п Светско првенство во екипен хронометар 6. Игри на Комонвелтот - хронометар 2015 1. 20п Океанско хронометарско првенство 1. Етапа 1 (TTT) Џиро д’Италија 3. Краен пласман Серија Заливски класик 2016 3. 15п Светско првенство во екипен хронометар 2017 1. Етапа 2 Серија Заливски класик 4. Национално хронометарско првенство 7. Велотон Хонгконг 2019 1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико 1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Чешка 5. Антверпен Порт Епик 2020 1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Чешка Национални друмски првенства 4. Хронометар 8. Друмска трка

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро154160150122——СО120112 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур————117146——— 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелтане настапил во текот на својата кариера

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Профил на официјалната страница на екипата

Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Луѓе од Бризбејн Категорија:Австралиски велосипедисти Категорија:Велодромски велосипедисти Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012 Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Олимписки велосипедисти на Австралија Категорија:Живи луѓе Категорија:Олимписки сребрени медалисти за Австралија Категорија:Олимписки медалисти во велосипедизам