Политички водачи Претседател - Ѓорге Иванов Премиер - Никола Груевски Претседател на Собранието - Трајко Вељаноски

Настани јануари

20 јануари - Новинарот Томислав Кежаровски излезе од затвор. 21 јануари - Али Ахмети имаше тешка сообраќајна несреќа. 24 јануари - Уапсен Зоран Верушевски, поранешен директор на ДБК, за нелегално поседување оружје, основани сомневања за детска порнографија и други тешки кривични дела. 26 јануари - Од Косово екстрадиран убиецот на полицаецот кај Природноматематичкиот факултет од 2010 година, Алмир Дрпљанин. 31 јануари - Полициска акција „Пуч“ во која се уапсени четири лица и според МБР сакале преку употреба на незаконски средства на следење и шпионирање со упатување на сериозни закани кон високи државни функционери сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги. 31 јануари - Обраќање на премиерот Груевски: Заев ме уценуваше со материјали од странски разузнавачки служби.

февруари

5 февруари - Скандалозни видеа се појавија на Youtube со дел од разговорите меѓу премиерот Никола Груевски и водачот на СДСМ Зоран Заев на која се гледа како водачот на опозицијата во неколку наврати му кажува на премиерот дека поседува материјали од разговори и истите ги добил од странски служби. 5 февруари - Експлозија во фабриката за полнење плински боци Балкан Гасови во Богданци во која загинаа три лица . 6 февруари - Поплави во Македонија. 8 февруари - Водачот на опозицијата, Зоран Заев, започна со објавување на т.н. Бомби. 10 февруари - Новиот амбасадор на САД во Македонија Џес Бејли, пристигна во Македонија. 10 февруари - Протести и окупација на универзитетот од страна на студентите. 15 февруари - Војската на т.н. Илирида најави дека ќе создаде држава “Илирида” во Македонија. 19 февруари - Приведен е поранешниот разузнувач Слободан Богоевски. 21 февруари - На каналот Youtube се појавија видео снимки на кои наводно Љубе Бошковски земал пари за решавање на спорот со името. 25 февруари - Протест за оставка на министерот за здравство Никола Тодоров. 25 февруари - Директорката на Фондот за здравствено осигурување Маја Парнаџиева – Змејкова даде оставка по десет дена од смртта на Тамара. 25 февруари - Објавени телефонски разговори според кои биле приослушувани голем број на новинари. 25 февруари - Правосилна судска пресуда за Звонко Костовски, еден од обвинетите во случајот „Пуч“. 27 февруари - Објавени телефонски разговори според кои Груевски наводно наредил уривање на станбениот комплекс на Космос. 28 февруари - Објавени дел од шифрираните кодови на семејството Верушевски.

март 10 март - МВР го сомничи Заев за примање на 200.000 евра мито. 10 март - СДСМ на собир во Универзална сала под мотото „Вистината за Македонија“. 11 март - Амди Бајрам нападнат во ГТЦ. 15 март - Собир на ВМРО-ДПМНЕ во салата „Борис Трајковски“. 16 март - Филип Петровски избран за в.д. директор на државниот архив. 17 март - Протест пред МРТВ. 19 март - Средношколски марш во Скопје. 19 март - Премиерот Никола Груевски присуствува на Самитот на Европската народна партија. 21 март - Нов трговски центар во Битола. 24 март - Обвинувања од опозициската СДСМ околу купување плац на Водно и уривање на Космос во телефонските разговори. 24 март - Претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов поднесе кривична пријава против уредникот на МРТВ. 26 март - Љупчо Зиков поднесе оставка од функцијата Престедател на Позитивна Алијанса. 27 март - Во Гевгелија наврнаа 23 литри дожд на квадратен метар, на Маврови Анови 43 сантиметри снег. 28 март - Од поројните дождови се излејаа реките Брегалница, Црна Река и Лакавица.

април 1 април - Средношколците повторно на марш против лошите реформи. 1 април - Водачот на СДСМ Зоран Заев на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал во врска со сомневањата за побаран поткуп од 200.000 евра. 1 април - Сашо Стефановски избран за нов директор на ФЗОМ. 3 април - Народна банка пушти во оптек ковани пари за колекционерски цели "Овен" и "Бик" од серијата "Хороскопски знаци". 4 април - ВМРО-ДПМНЕ со голем народен собир во Тетово. 6 април - Поплави во битолско и кочанско. 7 април - Македонија, Унгарија, Турција, Србија и Грција ќе се договараат за проектот "Турски поток" во Будимпешта. 9 април - Делегација на словенската Армија во посета на Македонија. 15 април - Продолжува дијалогот помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел. 18 април - Голем народен собир на ВМРО – ДПМНЕ во Прилеп. 21 април - Група од 40-тина лица ја нападнаа караулата Гошинце во близина на северната граница со Косово. 23 април - Незадоволни средношколци побараa оставка од министерот за образование. 24 април - Воз прегази 14 емигранти на пругата Велес-Скопје. 24 април - Големо апсење во Куманово, уапсени три лица за нелегално поседување оружје и распрскувачки материјали. 25 април - Народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид. 25 април - Ивон Величковски е реизбран за претседател на Либералната партија. 26 април - Голема полициска акција во Гошинце. 26 април - Спроведен неуспешен референдум за задржување на изгледот на фасадата на ГТЦ.

мај

1 мај - Поднесено обвинение за „Пуч“ и против Заев. 3 мај - Никола Груевски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. 4 мај - Експлозија пред седиштето на ДУИ во Мала Речица. 4 мај - Разрешениот скопски муфтија Ибрахим Шабани и поранешниот генерален секретар на ИВЗ Африм Тахири со група нивни приврзаници упаднаа во Исламската верска заедница. 6 мај - Протести во Скопје по објавувањето на телефонски разговори околу убиството на Мартин Нешковски, осум повредени полицајци. 8 мај - Протести во 9 градови во земјата. 8 мај - Партијата ДОМ ја напушти владината коалиција. 9 мај - Вооружената пресметка во Дива населба во Куманово помеѓу македонската полиција и албанска вооружена група. 10 мај - Во вооружената пресметка во Куманово, според податоци на МВР биле убиени 8 припадници на специјалната единица Тигри, додека 37 биле повредени. 10 мај - Ден на жалост во Македонија. 11 мај - Притвор за 30 уапсени терористи од Куманово. 12 мај - Пронајдено украденото оружје од караулата во Гошинце. 12 мај - Оставка на министерката за Внатрешни работи Гордана Јанкуловска, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и Директорот на УБК, Сашо Мијалков. 13 мај - Митко Чавков, директор на Бирото за јавна безбедност избран за нов Министер за Внатрешни работи, а за нов министер за транспорт и врски е избран Владо Мисајловски, директор на Јавното претпријатие за патишта. 13 мај - Објавена видео-снимка на Youtube во која наводно водачот на СДСМ бара мито од 200.000 евра. 13 мај - Протест пред Владата од активистите од движењето „Протестирам“ – се бара оставка од Груевски. 14 мај - водачка средба на четирите најголеми партии во земјата. 15 мај - Прекин на протестите од страна на средношколците. 17 мај - Протест на опозициската СДСМ пред Владата на Македонија. Водачот на СДСМ побара оставка на Владата и преодна влада до предвремени избори. 17 мај - Заев: Остануваме пред влада, сè до оставката на Груевски. 18 мај - Неуспешни преговори за решавање на политичката криза во земјата од страна на водачите на четирите најголеми партии. 18 мај - Митинг на владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред Собанието на Македонија.

јуни 2 јуни - Во резиденцијата на дипломатската мисија на ЕУ во Пржино , политичките водачи го потпишаа договорот за конечно решение на политичката криза http://vecer.mk/makedonija/shto-sodrzhi-dogovorot-od-2-juni-potpishan-vo-eu-rezidencijata-vo-przhino.

јули август септември октомври ноември декември Култура Музика На Евровизија 2015 година, Македонија ја претставуваше Даниел Кајмакоски со песната Лисја есенски. Објавен албумот Република Франкенштајн на музичката група Паркети. Објавен албумот Небеска на Наташа Крстевска Мијата. Објавен албумот Spank Stuck на музичката група Спенк. Објавен албумот Играј на музичката група Темпера. Објавен албумот #ЕксЈу“(#ExYou) на музичката група ПМГ Колектив. Објавен албумот Оverdose од blues на Игор Атанасовски. Објавен албумот Продолжи да сонуваш на музичката група Мугер Фугер. Објавен албумот Јас сум земја на музичката група Новиот почеток. Објавен албумот Две гитари и три напалени баби на музичката група Барбарела. Објавен албумот Премин на Мартин Србиноски . Објавен албумот Пијан славеј на музичката група Фолтин. Објавен албумот Само сакав на музичката група Eye Cue. Објавен албумот Еден ден на Тамара Тодевска . Објавен албумот Дождлив ден на Новиот Борис Цветановски . Објавен албумот Разбуди ме на музичката група Гавернмент.

Филм и телевизија

Книги и списанија

Враќањето на зборовите, од Гоце Смилевски

Згради и градби Започна реконструкција на Градски стадион Тетово. Започна реконструкција на Стадион Тумбе Кафе. Останато Спроведена кампања за заштита на децата во сообраќајот Спроведена против насилство врз жените

Спорт Кошарка КК Работнички го освои во Купот на Македонија во кошарка. КК МЗТ Скопје ја освои шампионската лига во Македонија. Европско првенство во кошарка 2015. Македонија го освои 19 место.

Ракомет Мажи

РК Вардар го освои купот на Македонија.

*Светско првенство за мажи, Македонија го освои деветтото место.

Жени ЖРК Вардар го освои купот на Македонија.

Фудбал Репрезентација * Квалификации за Европско првенство во фудбал 2016 година во Франција

* Квалификации за европското првенство во фудбал до 21 години (2017)

Останато Евгениј Поп Ацев избран за најдобар спортист во Македонија за 2015.

Починати thumb|десно|100px|Ташко Белчев thumb|десно|100px|Зоран Тодоровски thumb|десно|100px|Благоја Спиркоски - Џумерко thumb|десно|100px|Слободан Чашуле

Трајче Јанчевски, македонски сликар. Ташко Белчев, македонски славист. Иван Василевски, македонски поет. Димитар Димитровски, македонски новинар. Фанка Икономова, македонски сопран. Зоран Тодоровски, македонски историчар. Боби Коминовски, македонски музичар . Сузан Максут, македонска глумица. Петар Милошевски, македонски професор. Васко Мицковски, македонски новинар. Мице Пашоевски, македонски писател . Љубе Петковски, македонски снимател. Цветан Петровски, македонски кошаркарски судија. Ристо Соколов, македонски уметник. Горан Стојковиќ, македонски политичар. Јован Тофоски, македонски професор. Петар Хаџи Бошков, македонски вајар. Александар Ѓурчинов, македонски филмски режисер. Томе Бошевски, македонски академик. Тоде Георгиевски, македонски академик. Елка Димитриева, македонски демограф . Драган Каранфиловски - Бојс, македонски музичар и композитор. Димче Кичевски, македонски каратист. Љубе Пота, македонски архитект. Сузана Тодоровска - Павлоска, македонска новинарка. Благоја Спиркоски - Џумерко, македонски глумец. Тодор Чаловски, македонски поет. Методија Тошевски, македонски економист. Уснија Реџепова, македонска пејачка. Марин Црвенов, македонски балетан. Слободан Чашуле, македонски новинар и политичар. Петар Шулинчевски, македонски фудбалер. Симеон Шутев, македонски олимписки спортист.

Родени Наводи