Роберт Кувер (; – ) - американски писател.

Животопис Кувер е роден во 1932 година, во Ајова, САД. Постдипломскии студии завршил на Универзитетот во Чикаго. мини|Роберт Кувер

Творештво Кувер е еден од најценетите претставници на експерименталната американска книжевност, постмодернистите кои себеси се нарекуваат „фабулити“ или „метафикционалисти“. Тој се смета за еден од најоригиналните американски прозни творци, кој се движи „на работ меѓу стварноста и кошмарот, користејќи го надреализмот како форма за да ги долови мрачните аспекти на американското доживување на реалноста“. Кувер има напишано голем број раскази во кои ги истражува можностите на различни стилови, од колоквијалниот и ритуалниот до апокалиптичниот. мини|лево|Роберт Кувер Веќе во 1966 година, со својот прв роман „Потеклото на брунистот“, тој го привлекол вниманието на критиката и ја добил наградата „Вилијам Фокнер“. Во 1969 година се појавил неговиот кус роман „Бебиситерката“, кој објавен на македонски јазик во 2008 година од издавачката куќа „Темплум“.Роберт Кувер, Бебиситерката. Скопје: Темплум, 2008. Во 1982 година го објавил романот „Плескање на слугинката“, кој е објавен на македонски јазик во 2007 година од издавачката куќа „Темплум“.„Белешка за авторот и делото“, во: Роберт Кувер, Плескање на слугинката. Скопје: Темплум, 2007, стр, 83-85.

Наводи

Категорија:Американски писатели