мини|275px|Обложени 200 mg таблети на ибупрофен, често користен НСАИЛ Нестероидни антиинфламаторни лекови (скратено НСАИЛ) се класа на лекови кои имаат аналгетско и антипиретско дејство, а во поголеми дози и антиинфламаторно дејство.
Терминот нестероидни се користи за да се разликуваат од стероидите, кои меѓу широкиот спектар на дејства, имаат сличен антиинфламаторен ефект.
Најпознатите лекови од оваа група се: аспирин, ибупрофен и напроксен, кои се достапни без рецепт во повеќето држави.
Медицинска примена НСАИЛ вообичаено се користат за третман на акутни и хронични состојби пропратени со болка и воспаление.
НСАИЛ претежно се користат во симптоматски третман на следниве состојби:
Остеоартритис Ревматоиден артритис Блага до умерена болка поради воспаление и ткивна повреда Лумбаго Инфламаторни артропатии (на пр. анкилозирачки спондилитис, псоријатичен артритис, реактивен артритис) Тениски лакт Главоболка Мигрена Акутен напад на гихт Дисменореја (менструална болка) Метастатска болка во коски Постоперативна болка Мускулна вкочанетост и болка поради Паркинсонова болест Пирексија (треска) Илеус Ренална колика Макуларен едем Трауматска повреда
Механизам на дејство Повеќето НСАИЛ делуваат како неселективни инхибитори на ензимот циклооксигеназа (COX), инхибирајќи ги обата изоензими циклооксигеназа-1 (COX-1) и циклооксигеназа-2 (COX-2).
Несакани ефекти Широката употреба на НСАИЛ значи дека несаканите ефекти од овие лекови се доста чести. Со употребата на НСАИЛ се зголемува ризикт за гастроинтестинални (ГИ), бубрежни и кардиоваскуларни несакани ефекти.
Гастроинтестинални Главните несакани ефекти поврзани со употребата на НСАИЛ се однесуваат на директната и индиректната иритација на гастринтестиналниот (ГИ) тракт. НСАИЛ имаат двојно дејство врз ГИ тракт: киселите молекули директно ја иритираат гастричната мукоза, и инхибицијата на COX-1 и COX-2 ги намалува нивоата на заштитни простагландини. Инхибицијата на простагландинската синтеза во ГИ тракт предизвикува зголемена секреција на желудочна киселина, намалена секреција на бикарбонати и намалена секреција на мукус.
Чести гастроинтестинални несакани ефекти вклучуваат:
Наузеа/повраќање Диспепсија Гастрична улцерација/крвавење Дијареја
Наводи
Категорија:Нестероидни антиинфламаторни лекови Категорија:Хепатотоксини