„Убиец на коњ“ (англиски: Welcome to Hard Times/Killer on a Horse) е американски филм од 1967 година, во режија на Барт Кенеди. Сценариото е дело на Барт Кенеди и Е. Л. Докторов. Главните улоги во филмот ги играат: Хенри Фонда, Џенис Рул и Кинан Вин. Филмот, кој трае 103 минути, е работен според романот на современиот американски писател, Е. Л. Докторов.
Содржина Во филмот се раскажува за животот во градот Хард тајмс, во кој плашливиот градоначалник Вил Блу не ги заштитува граѓаните од постојаните грабежи на суровиот криминалец, познат како Човекот од Боди, кој го избегнува законот и го запалува градот, така што жителите мора да се одлучат: да го напуштат градот или да го изградат одново.„Убиец на коњ“, Програма февруари 2015, Кинотека на Македонија.
Наводи
Категорија:Филмови од 1967 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови засновани на романи Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на Барт Кенеди Категорија:Филмови со Хенри Фонда Категорија:Филмови со Џенис Рул Категорија:Филмови со Кинан Вин Категорија:Вестерни