Фотовишта — село во Грменско, Пиринска Македонија, денес во општината Грмен на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба

Селото Фотовишта е сместено на десниот брег на реката Канина, во подножјето на родопскиот гребен Дабраш. Селото е оддалеено на 4 километри северозападно од општинскиот центар Грмен, а најблискиот град е Неврокоп - 12 км југозапад. Од Горна Џумаја се наоѓа на околу 118 километри југосточно. Климата е преодна средоземна со летен минимум и зимски максимум на врнежи од дожд (просечни годишни врнежи од дожд од околу 700 мм). Во регионот на селото има наоѓалиште на дијатомит. Таму е пронајден отпечаток од риба, што укажува дека областа околу Фотовиштав некогаш била на дното на слатководното езеро.Речник на българския език: К – Координати, том 7, Институт за български език, Издателство на БАН, София, стр. 384.

Сместено е на ридско подрачје богато со вегетација, опкружено со планините Пирин и Родопите. Фотовишта е добро познат спа-центар, чиј најпопуларен и минерален извор е познат како Мирото.

Минерални бањи

На половина километар северно од селото во месноста Крајселско има група од седум минерални извори и бунар со температура од 35-39,5 ° С и ниска минерализација, погодна за лекување на болести на мускулно-скелетен систем, невролошки, гинеколошки и уролошки заболувања. Тука е изграден диспанзерот Огњаново - т.н. Рурални бањи. На километар и североисточно од селото во областа Крајречко има втора голема група на минерални извори - Гоцеделчевски или Градски бани со температура од 41 C. Во 1963 година Огњаново било прогласено за спа-центар од локално значење.

Минералната вода е безбојна, чиста и без мирис, погодна за многу болести.

Историја Средновековен период Во месноста Грамадите југозападно од селото има траги од средновековна населба, а во месноста Градец се откриени остатоци од кула за набудување.Енциклопедия България. Том 4, Издателство на БАН, София, 1984, стр. 691.

Османлиско Царство

Според легендата, Фотовишта е продолжение на стара македонска населба по име Потопишта. Под називите Хотогашта и Хотовишта, селото се споменува во отоманските даночни регистри од втората половина на 15 век, 1623 - 1625, 1635 - 1637, 1660 и 1671 година како претежно христијанско село, чиешто население се зголемува. Всушност, во 1478 - 1479 година се споменува со 1 муслиманско и 53 немуслимански домаќинства. Во 1519 година е назначено како село со 10 муслимански и 76 немуслимански домаќинства. Во 1530 година се споменува повторно со 10 муслимански и 108 немуслимани домаќинства. Во документ од 1546 година се споменува дека селото му припаѓа на вакафот на Коџa Мустафа Паша. Во регистарот на џезии во 1615 година, селото било обврзано за плаќање 31 ханети,Страшимир Димитров. Помохамеданчванията в Неврокопско XV-XVIII век а во 1615 година со 37. Во 1660 година, селото било обврзано да плаќа 44 ханети. Во 1671 година, претставници од сите села биле повикани во Неврокоп за да сведочат на суд дека им биле платенаи купените претходно државни производи. Од муслиманските села бил испратен муслиманин, од христијанските села бил испратен христијанин, а муслиманин и христијанин од мешаните села. Селата во кои живееле луѓе со повисок социјален статус биле претставени од нив без оглед на нивната религија. Во овој документ Рибново е претставен од христијанин. Во 1723 година, 8 муслимани и 11 христијани од селото биле обврзани за плаќање на данокот авариз. Освен под името Хотовишта (), селото се споменува и како Фотовишта ().Андреев, Стефан. Речник на селищни имена и названия на административно-териториални единици в българските земи през XV-XIX век. Главно управление на архивите при Министерския съвет на Република България, София, 2002, стр. 106, ISBN 954-9800-29-6.

Според академик Иван Дуриданов етимологијата на името Фотовишта произлегува од презимето „Хотов“.Дуриданов, Иван. Значението на топонимията за етническата принадлежност на македонските говори. во: Лингвистични студии за Македония, София, МНИ, 1996, стр. 186. Според Васил Миков етимологијата е превод од грчкиот топоним Фотовишта („фотос“ – светлина).

Во текот на 19 век, селото било мешано, и припаѓало на Неврокопската Каза на Отоманското Царство. Помаците во селото дошле од неврокопските села Горно Дреново, Бабјак, Скребатно, Избища и други. Во 1835 година во селото била изградена црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Пред влезот на црквата има натпис на кој пишува:

Дел од иконите на црквата се дело на Димитар Молеров. Во 1859 година било отворено првото училиште во селото. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Фотовишта (Photovischta) се состоело од 85 семејства од кои 40 жители Помаци и 240 Македонци. Во 1889 година Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) за селото напишал:

Во таблиците на книгата, Верковиќ го запишал селото со 64 македонски и 20 турски куќи.Верковичъ, С.И. Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи, СПб, 1889, стр. 234 – 235.

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 80 македонски и 20 турски куќи и кон 1900 година во селото живееле 540 Помаци, 200 Турци и 30 Роми. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 764 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 54 Роми. Во селото имало едно основно училиште со два учители и 50 ученици.Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 112 – 113.

Во еден извештај за селото, Иларион Неврокопски во 1909 година запишал:

Во селото бил основан комитет на ВМОРО од страна на поп Ангел,Град Гоце Делчев. Из миналото на града и района, София, 1988, стр. 179. и христијанските му жители активно учествувале во Горноџумајското и Илинденското востание,Смит, Артър. Спомени от Македония, Изд. на Отеч. фронт, София, 1983. ФотовищаСилянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, стр. 214. а на 6 мај 1903 година 5 луѓе од селото биле убиени со мачење од страна на османлиските власти.Град Гоце Делчев. Из миналото на града и района, София, 1988, стр. 192.

Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Селото било ослободено од отоманската власт на 12/25 октомври 1912 година за време на Балканските војни од страна на Седмата рилска дивизија. По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 56 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 885 За време на периодот 1913 - 1918 година, во селото се населиле бегалци од Егејска Македонија, од селата Горно Броди и Караќој. Во 1924 година во селото било основано читалиштето „Борис Сарафов“, подоцна преименувано во „Асен Златаров - 1924 година“.

Во 1927 - 1928 година bil завршен системот за водоснабдување на Фотовишта.Македонски новини. Седмичен вестник за стопанство и просвета в Петрички окръг, г. І, бр. 7, 3 март 1929, стр. 2. Во 1923 година во селото била основана земјоделската кооперација „Канина“, која броела 58 членови до 1935 година. Во 1926 година, била основана кооперација за сточарство, а во 1930 година, шумска кооперација „Караорман“. До 1935 година, шумската кооперација имала 39 члена.Списък на кооперативните сдружения, действали през 1935 година, по места, София 1936, с. 4, 22 (страниците не са отбелязани в изданието) Учители и ученици во прогимназијата во учебната 1926 – 1927 годинаЦентрален държавен архив, ф. 177 К (Министерство на народното просвещение), оп. 2, а.е. 18, л. 59. Класови Ученици Учители Учителки машки женски вкупно редовни нередовни вкупно редовни нередовни вкупно први 26 5 31 1 1 2 2 2 втори 27 5 32 трети 20 0 20

Во 1934 година, со указ на владата, името на селото кое потекнува од грчкото φως, (светлинаМиков, Васил. Произход и значение на имената на нашите градове, села, реки, планини и места, София, 1943, стр. 74.) било преименувано во Огненово, од 1945 година Огнѣново, а во 1966 година името во Огненово. Во 1961 година селото се разделило во независна општина заедно со селата Балдево, Осиково, Скребатно и Рибново.Сборник за народни умотворения и народопис, том 54, Издателство на БАН, София, 1973, стр. 61.

Денес, селото има градско собрание, пошта, аптека, здравствена служба, градинка, клуб за пензионири. Селото има фудбалски клуб „Минерал“, но за последен пат настапувало во сезоната 2009-2010 година, завршувајќи на 11 место во Благоевградската обласна лига.

Население +Население на Рибново по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 1134 1373 1414 1408 1417 1661 1688 1694 1634 1496

+Етнички состав на населението: од 2011 година Националност Население Процент Бугари 1177 83,3% Турци 33 2,34% Роми 178 12,6% Останати 9 0,64% Неопределени 16 1,13% Вкупно 1413 +Население по возраст од 2011 година:

Личности Родени во Фотовишта Ангел Спасов Бумбаров (1843 – 1909), македонски деецБългарската възрожденска интелигенция (енциклопедия), ДИ „Д-р Петър Берон“, София, 1988, стр. 94.Марков, Иван. Да живее Хуриетътǃ Да живее народътǃ Султанът – долуǃ. (Спомен на съвременник за събитията в град Неврокоп през 1908 г.). Списание „Македонски преглед“, 2015, кн. 2, стр. 101 – 108. Ангел Стојков, учител во селото помеѓу 1845 – 1890 годинаБългарската възрожденска интелигенция (енциклопедия), ДИ „Д-р Петър Берон“, София, 1988, стр. 622. Ангел Цоклев, учител во селотоБългарската възрожденска интелигенция (енциклопедия), ДИ „Д-р Петър Берон“, София, 1988, стр. 698. Георги Балтаџиев, учител во селото помеѓу 1845 – 1890 годинаБългарската възрожденска интелигенция (енциклопедия), ДИ „Д-р Петър Берон“, София, 1988, стр. 57. Иван Бумбаров, учител во селото помеѓу 1845 – 1890 година Илија Стојков Љубен Пандев (р. 1949), бугарски офицер, генерал-мајор Никола Ангелов Бумбаров, учител во селото Никола Атанасов (1886 – 1944) македонски револуционер и политичарМоже би идентичен с Никола Ат. Делиев. Никола Дренков, учител во селото помеѓу 1850 – 1862 година и во Ковачевица (1862), стр. 229. Никола Парапанов (1874 – 1937), македонски револуционер и деец Стојан Спасов Бумбаров, учител во селото помеѓу

Доброволци во Македонско-одринските доброволни чети Ангел Ив. Бебечев (Бебечов, Бебешев, 1891 – ?)Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 81. Ангел Т. ДимовМакедоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 233. Апостол Попмагдалинчев (1876 – ?)Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 578. Атанас Димитров (1882 – ?),Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 169. Атанас Ив. Цоклев (1894 – ?)Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 791. Борислав А. Станков (1892 – ?)Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 638. Вангел Иванов Пандов (1886 – ?)Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 532 – 533. Васил Д. АнгеловМакедоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 25. Георги Бебечев (1882 – ?) Георги Божик Дренков (1883 – ?)Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 250. Георги Бумбаров (1888 – ?)Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 102. Георги Бушбаров (1888 – ?)Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 103.