Ердован Шабаноски (, – на автопатот Скопје - Тетово, , ) ― македонски бранител од ромска народност, резервист во АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 8 август 2001 на автопатот Скопје - Тетово во масакрот кај Карпалак.

Животопис Живот, војната 2001 и сведоштва

Ердован Шабаноски е роден на 24 октовмри 1980 година во Прилеп и потекнува од сиромашно ромско семејство. Сестрата на Ердован беше мажена за Веби Рушитоски, кои подоцна заедно ќе загинат во масакрот кај Карпалак. Во својот кус живот работел сè и сешто, секаде и кај секого што ќему понудел некаква работа. За да не остане куќата празна, решил после отслужувањето војска да се жени. Имал две деца. Во тој период одбранбените сили на Македонија забрзано мобилизираше резервисти. Ердован, заедно со зета си Веби Рушитоски одлучиле да се пријават на мобилизацијата. Со парите сакале да купат коњи и да почнат да работат во шумското, да влечкат огревно дрво по планината и така да си обезбедат егзистенција.„Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 138

Седум дена Ердован и Веби Рушитоски, со многу други од Прилеп минале на обука во касарната и на Криволак. После тоа заминале со прилепскиот конвој кон Тетово, каде што загинаа во масакрот кај Карпалак на 8 август 2001 година. Шабаноски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија. Наводи

Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Македонски Роми Категорија:Македонски бранители Категорија:Југословенски Роми