Дисанска Река — река во средишниот дел на Македонија која тече во Тиквешијата и претставува десна притока на Вардар.

Течение

Извира од еден силен и непресушен извор на висорамнината Витачево на надморска височина од 820 метри во долот веднаш непосредно јужно над самото Горни Дисан. Од нејзиниот силен извор е спроведена и водата за водоводот кој ги снабдува селата Горни, Долни Дисан и Вешје. Во горното течени тече кон север, а во средното течение тече спрeма североисток помеѓу ридовите Венец од десната и Орле од левата страна до селото Долни Дисан, а потоа свртува кон југоисток и во Вардар се влева на кота од 122 метри надморска височина, источно од селото Тремник.

Хидрографски и водостопански одлики

Дисанска Река тече во должина од 17 километри и зафаќа сливна површина од 29 км2. Извирајќи на 820 и влевајќи се во Вардар на 122 метри надморска височина таа има релативен пад од 41‰. Поради варовничкиот состав на карпите во нејзиниот изворишен дел водата од Дисанска Река се одликува со голема чистина и добар квалитет за пиење. Затоа од нејзиниот силен извор е спроведена и водата за водоводот кој ги снабдува селата Горни, Долни Дисан и Вешје. Над селото Горни Дисан крај изворот на реката во месноста наречена Брегот, во околината на изворот постои чешма кој се напојува со вода директно од планината Кожуф. По средното и долното течение на реката во селата Долни Дисан и Тремник нејзината вода се користи за наводнување на бавчите и градините насадени со домат, пиперки, краставици во дворовите како и на лозјата, а од нејзините води се напојува и добитокот.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Реки во Македонија Категорија:Општина Неготино