Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ (кратенка: УИНТ; ) — државен универзитет, кој се наоѓа во Охрид, Македонија.
УИНТ е основан од Собранието на Република Македонија со Акт за основање на Универзитетот за информатички технологии во 2008 година. Во 2010 година, студентите од УИНТ го создадоа првиот суперкомпјутер во Република Македонија .
Меѓународниот карактер на универзитетот се забележува со фактот што УИНТ има мултикултурна популација на студенти од повеќе од 40 земји низ светот, вклучувајќи ги и домашните студенти. Повеќе од 450 домашни и странски студенти студираат на УИНТ. УИНТ има добиено акредитација за 15 додипломски и постдипломски програми и секоја од нив се спроведува на англиски јазик. Согласно академското рангирање на универзитетите во светот за 2013/2014 година, УИНТ е рангиран помеѓу првите 4 од 20 универзитети во Република Македонија .
УИНТ содржи пет факултети: Факултет за комуникациски мрежи и безбедност Факултет за компјутерски науки и инженерство Факултет за информациски системи, визуелизација, дигитална, мултимедијална и анимациска техника Факултет за применети информатички технологии, машинска интелигенција и роботика Факултет за информатички и комуникациски науки
УИНТ има воспоставено меѓународна соработка и билатерални меморандуми за соработка со повеќе светски универзитети: Универзитет Оукланд, Рочестер, Мичиген, САД Универзитет Истанбул, Истанбул, Турција Универзитет Чумхуријет, Сивас, Турција Технички Универзитет Клуж-Напока, Клуж-Напока, Романија Западен Универзитет Темишвар, Темишвар, Романија Универзитет Елизад, Ондо, Нигерија Универзитет Ќутахја Думлупнар, Ќутахја, Турција.
Наводи
Надворешни врски Официјална страница
Категорија:Државни универзитети во Македонија Категорија:Образованието во Охрид Категорија:Појавено во 2009 година во Македонија