Vampire: The Masquerade – Bloodlines — акциона игра со улоги од 2004 година играна во Светот на темнината од Белиот волк; изработена од Troika Games и објавена од Activision за Microsoft Windows. Заснована на White Wolf Publishing's рпг Vampire: The Masquerade, Bloodlines го следи ново создадениот вампир кој ја бара вистината за историскиот артефакт кој го носи крајот за сите вампири. Bloodlines дава можност да бираш од повеќе кланови на вампири секој со посебна моќ, да бираш каква моќ ќе имаат, зборовни одлики и да се движиш низ играта со насилни или не насилни методи.

Играта е претставено од прва- и трета персона перспектива. Нуди отворен свет структура, дозволувајќи му на играчот да заврши споредни мисии покрај основната приказна, преку движење низ постоечките места како: Santa Monica, Hollywood, downtown Los Angeles and Chinatown. Изработката на Bloodliness започна во 2001 и и беа потребни три години. Процесот беше турбулентен; 32та члена од тимот кои работеа на играта се бореа за да ја заршат и ја објавиа во незарвшена состојба на 16 ноември 2004.

Bloodlines продаде помалку од 8 000 копии при нејзиното прво пуштање во продажба, што се сметаше за лош перформанс. Ги подели критичарите во тоа време; иако ги пофалијаa текстот, гласновната глума, изборот и влијанието кое го имала низ светот, ги критикуваа техничките мани. Тоа беше последната изработна на Тројка игри, пред нејзиното пропаѓање во раната 2005. Оваа игра е една и единствена во начинот на играње и зборување, затоа со години обожавателите на играта донираат пари за да се поправат грешките за да може и денес да се игра.

Gameplay Bloodlines е role-playing gameпретставена од прва- or трета персона перспектива. Пред да започне играта, играчот создава машки или женски вампир карактер преку селектирање одреден клан на вампир и конфигурирање бодови во три области—атрибути, способности и дисциплина (вампирска моќ)—или преку одговарање на прашања кои бираат карактер за играчот. Играчот бира еден од седумте клана на вампири: Моќните Бруха, Тореадор, Лудите Малкавиан, Аристократските Вентру, деформираните Носферату, оние кои ја носта крваната магија Тремир, или оние кои личат на животни Гангрелж.

Играчот го гради нивниот карактер преку трошење бодови во три области.TБодовите потрошени во атрубути и способности го дефинираат успехот на играчот во користење оружје, на пример да се определи колку далеку може играчот да пука, или да хакира компјутер и слично. Атрибутите претставуваат физичка сила (сила, декстерти и стамина), социјални (харизма, манипулација и изглед), и ментални (перцепција, интелигенција и мудрост). Способностите се таленти (како тепање и избегнување), таленти (како оружјаe) и знаење (како компјутери и истражување). Играчот треба да троши бодови во овие три области, со количината одредена за секој клан; на пример, Бруха может да потрошат најмногу бодови во физичка сила. На почетокот на играта секое најачување кошта 1 бод, но како играта се одвива тоа се зголемува. Секоја способност моше да се најача од нула до пет и е невозможно да се собере доволно за да се најачаат сите до крај така што играчот мора да размисли што му е најмногу потребо и да го балансира карактерот.

Кланот кој го игра играчот влијае на нивните способности и моќи. Иако привлечните торедор добиваат бонуси за заведување и убедување, физички тие се слаби; Носферату се принудени да се кријат и да одат низ канализации за да избегнат средба со луѓето за да не ги плашат со нивниот изглед, но добиваат бонуси за интелигенција и компјутери кои нудат повеќе информации. Малкавианс имаат одделен диалог поради нивното лудило. Зајакнување на способностите носат дополнителни опции за диалог; Привлечни и харизматични личности заведуваат за да си го добијат тоа што им треба, агресивните се закануваат и другите манипулираат.

Борбата со огнени оружја е во прва персона, и со бодовите потрошени на оружја се одлучува колку време е потребно за да ја погодиш целта и колку јако. Борбата со раце е во трета персона, со пристап до оружја како катана и чекани, или пиштоли, стрели и пламенофрлачи за борба со огнени оружја. Доколку играчот му се прикраде на некој непријател, може веднаш да го убие. Играчот може да избегне напади. Можат да користат и stealth во мисии за да поминат не приметено на некои места од луѓе или камери, исто неприметно да отворат врати и да хакираат компјутери.

Секој клан има свои дисциплини, кои можат да се користат во борба и да отворат пристап кон други. Иако некои моќи ги имаат повеќе кланови , некои нема 3 исти дисциплини. Оние вампири кои се водат со силата можат да се најачаат и да станат по брзи и опасни или да повикаат души кои ќе им помагаат; други можат ментално да манипулираат со луѓето или да станат невидливи на некое време, а други можат да ја варат крвта на непријателот од далеку. Некои дисциплини, како Ауспех (кое ја зголемува перцепцијата и ја покажува аурата на објекти и луѓе) и Блад баф (кое привремено ја зголемува силата, стамината и отворањето врати) се чести за сите вампири. Повеќе способности можат да бидат активни во исто време. Крвта е е најчесто користена во Bloodlines, користена за да се активираат дисциплини и способности. Се троши со секое користење, и може да се наполни со пиење од глувци, одење во банки за крв или пиење крв преку луѓе. Играчот исто така може да пие крв од непријатели во борба. Пиење долго време од човек може да го убие и играчот да изгуби бодови во човештвото.

Играчот е казнет доколку користи некои вампирски способности пред луѓето, му се одзима бодови од маскерад. Доколку изгубиш 5 бода ќе навлечеш убијци на вампири и ќе ја изгубиш играта. Но можеш да направиш бодови преку вршење мисии. Играчот исто така има бодови во човештвото. Доколку изгубиш многу човештво може да побудалиш и да ја изгубиш играта. Некои места, како Елисиум забрануваат користење на способности, дисциплини и оружја. Играчите можат да си земат женски гул, Хедер, како костумизиран слуга кој им дава крв, подароци и пари.

Краток преглед Место

Vampire: The Masquerade – Bloodlines Се одвива во четири места во 21 век, Лос Анџелес: Санта Моника, Даунтаун, Холивуд и Кинескиот кварт. Сместено во Светот на темнината, играта објавува свет во кој вампири, врколаци и демони ја градат човечката историја. Вампирите се обврзани со код да не го издадат нивното постоење. (Забранувајќи го користењето на вампирските способности пред луѓето) и да се избегне непотребносто убивање. (да се зачува последната човечност на вампирите). Вампирите се поделени на седум клана Камарила, вампирската влада. Торедор се најблиску до човештвото, со страст за културата; Вентру се багородни, моќни водачи; Бруха се идеалисти кои владеат во борба; Малкавианс се проколнати со лудило. Гангрел се самци, личат на животни, не доверливите Тремере користат крвна магија, и чудовиштата Носферату се осудени на живот во сенка за да ги избегнат луѓето. Анархистите се идеалистички вампири кои се противат на пилитичката струкутра на Камарила, верувајќи дека моќта треба да биде во рацете на сите вампири. клановите се соединети во нивната верба во Камарила и се борат против Сабат: Вампири кои го прифатиле чудовиштето во себе.

Главниот карактер во играта е вампир кој нема име и кој е се преобразува на почетокот на играта, Тој станува вработен на Себастиан Ла Крос (глас од Енди Милер), принцот на вампирите од Лос Анџелес. Карактерот патува низ светот и стапува во контакт со други суштества како што се Бертам Таг, Џек и ментално не стабилните Воерман сестри, Џанет и Териз. Кинескиот кварт е контролиран од Куеј Џин, Азиски вампир воден од Минг Зао, на кој не им е потребна крв и се сметаат подобри од другите вампири.

Заплет Играта започнува со карактерот на играчот, човек без име, како е убиен и повторно вратен како вампир. Поради овој недозволен чин и играчот и оној кој го направил карактерот вампир, се донесени пред Камарила. Господарот е убиен од наредба на Ла Крос а карактерот и бега на таа судбина преку интервенција на Анархистите, Најнс Родригес и вработените на принцот.

Ла Крос го праќа чграчот во Санта Моника за да му помогне на неговиот гул, Меркурио, да уништи една куќа на Сабат. После успешно завршена мисија, играчот патува до Лос Анџелес, сретнувајќи се посебно со Најнс, Ла Крос и Џек. Ла Крос му дава мисија на играчот да истражува еден брод Elizabeth Dane, и да најде информации за ковчег од Анкара за кој се збори дека го носи телото на Антедилувиан, еден од најстарите и најмоќните вампири, чие доаѓање ја означува Апокалипсата, крајот, Gehenna. Играчот одкрива дека ковчекот бил отворен од внатрешна страна.

Зголеменото дејство од Сабат се поврзува со исчезнувањето на главата на Малкавианс, Алистар Граут. Во вилата на Граут, играчот го здогледува Најнс како си оди д вилата и подоцна таму ги наоѓа остатоците на Граут заедно со убиецот Гранфелд Бах кој одрекува каква било поврзаност со убиството на Граут. Дознавајќи за присуството на Најнс во вилата, Ла Крос дава наредба да се убие Најнс. Играчот е испратен во музејот за природна историја да го земе ковчегот, но дознава дека бил украден. Џек подоцна му кажува на играчот дека Ла Крос го сака ковчегот за да ја испие крвта од вампирот внатре и да ја добие неговата моќ.

Верувајќи дека Гери, главата на Носферату е одговорен за кражбата на ковчегот, играчот е пратен во Холивуд да го најде; Откако е пронајден тој открива дека ковчегот е украден од кланот Гиовани. Играчот се искрадува во Гиовани вилатаи го пронаоѓа ковчегот чуван од Куеј Џин, кои тврдат дека нивниот водач Минг Зао има формирано пакт со Ла Крос. Заклучениот ковчек е вратен кај Ла Крос и Бекет историски вампир му кажува на играчот дека единствениот човек кој може да го отвори ковчегот е киднапиран од Гранфелд за да го намами Ла Крос. Играчот го убива Гранфелд и дознава дека и клучот е исто така украден.

Тие се враќаат кај Ла Крос, дознавајќи дека Сабат пробале да го украдат ковчегот за да го уништат и да спречат Гена и да го убијат водачот на Сабат за да ги спречат неговите следбеници. Играчот е пресретнат од Минг Зао, која му нуди да склучат пакт и му кажува дека она го има клучот, дека Ла Крос го убил Граут за да не ја издаде неговата тајна и дека она се преправила во Најнс во вилата за да го намести. Негирајќи ги тврдењата на Минг Зао, Ла крос го спречува убивањето на Најнс и го тера играчот да ги собере Анархистите за да се одмаздат за смртта на Граут. Играчот го пронаоѓа Најнс како се крие во шумата и пробувајќи да избегаат Најнс е ранет од волк, играчот бега со Џек кој му кажува дека Ла Крос дал наредба да го убијат играчот за соработката со Минг Зао.

Крајот се менува, во зависност од тоа со кога, ако воопшто со некого, играчот соработува. Ако играчот го поддржи Ла Крос или Минг Зао, секој од нив го праќа играчот да го убие другиот. Ла Крос го отвора ковчегот и се убива себеси и играчот од подметнати експлозиви во ковчегот, Минг Зао го предава играчот и наредува да биде врзан за ковчегот и фрлен во море. Соработувајќи со Анархистите или со никого, го носи играчот да ја убие Минг Зао а потоа и Ла Крос кој е убиен откако ќе го отвори ковчегот. Доколку играчот го отвори ковчегот, тој умира во експлозијата. Ако играчот е Тремере, тој ја убива Минг Зао, Ла крос е заменет од водачот на Тремере Максимилиан Страус и ковчегот е скриен. Секој крај завршува со Џек кој гледа од далеку со мумијата и такси возачот кој го вози играчот низ мапата кој вика "Крвта на Кејн ја контролира нашата судбина... До гледање, вампиру".

Изработка