Паратироидниот хормон (PTH, паратхормон, паратирин) го лачат паратироидни клетки од параштитната жлезда како полипептид кој содржи 84 аминокиселини. Тој делува така што ја зголемува концентрацијата на калциумот (Ca2+) во крвта, додека калцитонинот (хормонот кој го произведуваат парафоликуларните клетки (Ц клетки) од штитната жлезда) ја смалува концентрацијата на калциумот. -{PTH}- делува така што ја зголемува концентрацијата на калциум во крвта. Тој се врзува за рецепторот на паратироидниот хормон1 (кој е присутен во висока концентрација во коските и бубрезите) и за рецепторот на паратироидниот хормон 2 (кој e високо изрзен во централниот нервен систем, во панкреасот, тестисите, и постелката). -{PTH}- полураспадот e приближно 4 минути. Тој има молекуларна маса 9,4 kDa.
Структура -{hPTH}--(1-34) се кристализира како незначително свиткан, долг завоен димер. Анализата покажала дека алфа завојната конформација-{hPTH}--(1-34) е веројатно биоактината конформација .
Стимулатори Смалено ниво на серумски [-{Ca}-2+]. Благо покачено ниво на серумски [-{Mg}-2+]. Покаченото ниво на серумски фосфат (зголемена концентрација на фосфати предизвикува образување на калциум фосфат, со што се редуцира стимулацијата на -{Ca}--чувствителни рецептори (-{CaSr}-) кои не реагираат на калциум фосфат, па доаѓа до покачување на нивото на -{PTH}- .
Инхибитори Покачено ниво на серумски [Ca2+]. Силно смален серумски [Mg2+], кој исто предизвикува симптоми хипопаратироидизам (како што е хипокалцемија).
Наводи
Категорија:Пептидни хормони Категорија:Гени на хромозомот 11