Прашина — македонски филм од 2001 година, во режија на Милчо Манчевски кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Џозеф Фајенс, Дејвид Венам, Владо Јовановски, Јосиф Јосифовски, Адријан Лестер, Ен Броше, Розмари Марфи, Петар Мирчевски, Салаетин Билал, Борис Чоревски, Николина Кујача, Милица Стојанова, Младен Крстевски и Благоја Спиркоски-Џумерко а музиката е дело на Кирил Џајковски. Во подготовката за снимањето на филмот, Манчевски и неговата екипа направиле обемно истражување за Дивиот Запад и за Отоманското Царство, консултирајќи над 160 книги и статии за тој период.IMDb, Dust (2001) (пристапено на 22.9.2020)
Содржина Еџ (го игра Лестер) е ситен крадец од Њујорк кој упаѓа во станот на осамената старица Енџела (ја игра Марфи). Таа му го крши носот и го принудува да ја слуша нејзината животна приказна, кажувајќи му дека поседува многу златници. Притоа, таа претрпува инфаркт и Еџ ја носи на болница. Енџела му раскажува за двајцата браќа од Дивиот Запад, Лук (го игра Венам) и Илајџа (го игра Фајенс) кои се воодушевени од проститутката Лилит (ја игра Броше). Илајџа и Лилит се венчаваат и добиваат дете кое набргу умира. Лук оди во Европа и за време на едно кино-претстава во Париз дознава за борбите на македонските востаници во Отоманската Империја. Привлечен од богатата награда за главата на водачот на востаниците, наречен Учителот (го игра Јовановски), тој оди во Македонија каде ѝ се приклучува на една арнаутска банда. Тој успева да го зароби Учителот, но во тој миг турската војска ја напаѓа бандата, а Илајџа тешко го ранува Лук во градите. Браќата се заробени од турската војска, но потоа се ослободени. Ранетиот Лук го среќава бремената сопруга на Учителот, Неда (ја игра Кујача), која го лекува. Додека закрепнува, Лук постојнао мисли на Лилит со која имал љубовна врска за време на нејзиниот брак со Илајџа. Еден ден, во селото пристигнува турската војска, носејќи ја пресечената глава на Учителот. Тогаш, свекорот на Неда му дава златници на Лук и тој го напушта селото. Него повторно го пронаоѓа Илајџа и му кажува дека бремената Лилит извршила самоубиство. Тогаш, нешто се прекршува во лошиот Лук и тој се враќа во селото кое го затекнува запалено, а многу од селаните се убиени. Лук оди во таборот на турската војска и се обидува да ја ослободи Неда со златниците, но сакајќи да убие еден турски војник, тој смртно ја ранува Неда. Тогаш, разјарениот Лук почнува да ги убива турските војници; Неда се пораѓа и умира, а во тој миг погинува и Лук. Најпосле, на местото пристигнува Илајџа кој го зема бебето со себе. Додека Енџела лежи во болницата, Еџ оди во нејзиниот стан и ги наоѓа златниците. Тој редовно ја посетува Енџела во болницата и следејќи ја нејзината приказна дознава дека таа е бебето на Неда. Кога умира Енџела, Еџ го кремира нејзиното тело и пепелта ја носи во нејзината родна земја.
Наводи
Надворешни врски Прашина на МИФЦ
Milcho Manchevski's official website Прашина сценарио History in Dust by Roderic Coover Wiping Dust by Iris Kronauer Dust International Trailer Erik Tängerstad: Violence - Visualised and Viewed: An exertion on the films Before the Rain and Dust Svetlana Slapsak: Luke Balkanwalker Shoots Down Corto Maltese: Milcho Manchevski's Dust As An Answer to the Western Cultural Colonialism Dust IMBD reviews CineFile.biz [Alberto Cassani (Italian)] Cubist of the silver screen - The Globe and Mail A high-class surreal western - Stopklatka (In Polish)
Категорија:Македонски филмови од 2000-тите Категорија:Британски филмови Категорија:Германски филмови Категорија:Италијански филмови Категорија:Филмови од 2001 година Категорија:Филмови на Милчо Манчевски Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на турски јазик Категорија:Филмови на германски јазик Категорија:Филмови со Џозеф Фајенс Категорија:Филмови со Дејвид Венам Категорија:Филмови со Адријан Лестер Категорија:Филмови со Розмари Марфи Категорија:Филмови со Владо Јовановски Категорија:Филмови со Салаетин Билал Категорија:Филмови со Мет Рос Категорија:Филмови со Мег Гибсон Категорија:Филмови со Владимир Јачев Категорија:Филмови со Јосиф Јосифовски Категорија:Филмови со Јордан Симонов Категорија:Филмови со Милица Стојанова Категорија:Филмови со Петар Мирчевски Категорија:Филмови со Младен Крстевски Категорија:Филмови со Ен Броше Категорија:Филмови со Џемаил Максут Категорија:Филмови со Борис Чоревски Категорија:Филмови со Кирил Псалтиров Категорија:Филмови со Николина Кујача Категорија:Македонски дела од 2001 година Категорија:Историски филмови Категорија:Вестерни Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Њујорк Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Македонија Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Отоманското Царство Категорија:Појавено во 2001 година во Македонија Категорија:Филмови на македонски јазик Категорија:Македонски филмови