Џеси Елис Лингард (роден на 15 декември 1992, во Ворингтон) — англиски фудбалер, играч од средниот ред на Коринтијанс.
Кариера Клубови Лингард е роден во Ворингтон, Чешир, и завршил средно школо на Бимонт академијата. Тој напредувал се развивал во младинската школа на Манчестер Јунајтед и бил дел од тимот кој го освоил ФА Купот за млади во сезоната 2010-2011, пред да го потпише првиот професионален договор во текот на летото на 2011 година.
Во следните сезони три сезони Лингард поминал периоди на заем во Лестер Сити, Бирмингем Сити и Брајтон и Хоув Албион.
Во летото 2014 Лингард се вратил во Манчестер Јунајтед и бил дел од пред-сезонската турнеја на клубот. На 16 август 2014, го направил своето деби за првиот тим на Манчестер Јунајтед во првото коло од Премиер лигата 2014-2015 во поразот со 1-2 од Свонзи Сити на Олд Трафорд, во првиот натпревар на Луј ван Гал како менаџер. Лингард го започнал натпреварот како стартер, но бил заменет од Аднан Јанузај после само 24 минути игра поради повреда.
Репрезентација Лингард е поранешен репрезентативец на англиската репрезентација под 21 година. Својот прв повик го добил за пријателскиот натпревар против Шкотска на 13 август 2013 година, и го направил своето деби во второто полувреме како замена за Нејтан Редмонд во победата на Англија со 6-0. Лингард ја претставувал својата репрезентација на УЕФА Европско првенство за играчи под 21 година - 2015 година во Чешка. Во вториот натпревар од групната фаза, Лингард влегол од клупата и го постигнал победничкиот гол во победата со 1-0 над Шведска."Sweden U21 0-1 England U21" BBC Sport. 21 June 2015. Retrieved 22 June 2015.
Наводи
Надворешни врски
Џеси Лингард на soccerway Џеси Лингард на transfermarkt
Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Лестер Сити Категорија:Фудбалери на ФК Бирмингем Сити Категорија:Фудбалери на ФК Брајтон енд Хоув Албион Категорија:Фудбалери на ФК Дарби Каунти Категорија:Фудбалери на ФК Вест Хем Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Нотингем Форест Категорија:Фудбалери на ФК Коринтијанс Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Родени во 1992 година