Пченката (науч. Zea mays) ― значајна житна култура од родот пченка (Zea), семејство треви (Poceae). Потекнува од Америка, односно Новиот Свет, од каде се проширила во Европа и низ целиот свет.
Потекло и историја Индијанците ги учеле колонистите како да одгледуваат пченка, вклучувајќи и неколку видови жолта пченка кои се' уште се популарни како храна, како и видови црвени, сини, розови и црни зрна често свиткани, со точки или пруги, кои денес се сметаат (користат) за украсни во Соединетите Држави и се нарекува индијанска пченка. Високото, едногодишно стебло и големи прави лисја со брановидни краеви. Пченката се користи како добиточна храна, храна за луѓето и како за индустриска обработка. Иако е главна храна во повеќе земји, инфериорна е во споредба со хранливата вредност на другите житарки.
Пченкарните лушпи имаат долга историја на користење во фолклорната уметност за предмети како амалии и кукли. Пченката е едно од најразнесуваните хранливи растеија во светот, по засаденоста е надмината само од пченицата и е најважна житна култура во Соединетите Држави.
Употреба Пченката е значајна житна култура, која освен во исхраната на луѓето, се користи како суровина во индустријата и за исхранување на домашните животни. Деловите кои не се за јадење се користат во индустријата, стеблото за хартија и ѕидни плочи, лушпата за полнење, кочаните за гориво, за правење на дрвен јаглен и во подготовка на индустриски растворувачи. Пченката најдобро успева во низините и во котлините каде што има доволно влага и топлина. Најпознти области за одгледување на пченка се: Мисисипската, Панонската, Ломбардската, Блашката, Источно-Европската низина, Аргентина, Бразил, Мексико и други.
Најголеми извозници на пченка се Соединетите Држави, Франција и Бразил, а најголеми увозници се Јапонија и Германија.
Производство на пченка во Македонија Според Заводот за статистика, производството на пченка во Македонија од 2000 до 2019 година, во тони, е следното:
+Производство на пченка во Македонија од 2000 до 2019 г.Година2000200120022003200420052006200720082009Тони125.383117.070140.694136.492141.875148.234147.494118.378127.125154.237Година2010201120122013201420152016201720182019Тони129.045126.096115.928131.043136.930133.771143.823120.156187.676145.278
Галерија
Наводи
Категорија:Треви Категорија:Житарки Категорија:Земјоделски култури Категорија:Маслодајни растенија Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Мексико Категорија:Енергетски култури Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј