Бело какаду () — средно голем бел папагал од родот какаду (Cacatua) ендемски тропските дождовни шуми на островите на Индонезија. Кога е изненаден, папагалот ја крева големата печатлива цуцулка, која има полукружен облик како чадор. Крилјата и опашката здола му се светложолти или лимонести кои се истакнуваат во лет. По особини е сличен на другите видови какадуа со бела боја, како што се малото жолтоцуцулесто (C. sulphurea), големото жолтоцуцулесто (C. galerita) и молучкото какаду (C. moluccensis), со тоа што кај нив цуцулката е жолто, портокалова и розова наместо бела.
Имиња Белиот какаду е познат како ајаб (множина: ајот) на бурмескиот јазик во Папуа, Индонезија.
Распространетост Оваа птица е ендемска во низинските тропски шуми на островите Халмахера, Бачан, Тернате, Тидоре, Касирута и Мандиоли (од групата Баџан) in Северно Малуку, Индонезија. Единките на островите Оби и Биса (од групата Оби) се сметаат за внесени. Живеат во првични, сечени ивторични шуми под 900 м надморска височина. Се среќава и во мангрови, плантажи (вкл. кокосови) земјоделско земјиште.
Живеат во парови, во помали или поголеми јата (до 50 единки). По природа се претпазливи и најголемиот дел од денот го поминуваат во крошните на дрвата. Бодат седечки живот, но почнуваат да се селат при недостаток на храна. Дење се собираат во групи до 50 единки, а ноќе на високи самостојни дрва. Грбовите си ги чешаат од гранките. По дрвата чукаат со гранчиња, известувајќи ги другите птици дека дадената територија е зафатена. Се хранат со плодови (папаја, дуријан), оревести плодови, со зрнести плодови (пченка), со семиња, бобинки, инсекти (штурци) и нивните ларви, мали влекачи (скинкови). Во периодот на размножување, голем дел од храната им се состои од инсекти. Овие птици нанесуваат значителна штета на пченкарните полиња.
Размножување мини|лево|Пилиња
Единките од спротивен пол се спаруваат во двојки доживотно. Ако се оддели од брачниот другар, птицата може да падне во голема депресија. Се гнездат во шуплините на си на врвовгнилите дрва и на нивните врвови, на висина од 5 до 30 м. Обично снесуваат по 2—3 јајца. Нив ги квачат обата родитела, и тоа во период од 28 до 30 дена. Младите добиваат перја на возраст од 2 месеца. Женката несе јајца еднаш годишно.
Чување како миленици мини|десно|230п|Бело какаду во Зоо Скопје. Велото какаду е многу доверлив папагал кој силно се приврзува за сопственикот. Се среќаваат единки што зборуваат, а останатите се помалку способни за говор, но сепак со значајна дарба за огласување. Во самица, тие бараат зголемено внимание. Живеат 50 до 70 години.
Зачувувачки статус Белиот какаду се смета за загрозен од МСЗП. Неговиот број во дивината опаднал како резултат на трговијата со птици во кафез и загубата на живеалиштата. Тој е наведен во Додаток II од списокот на КМТЗВ кој му дава заштита со ограничување на извозот и увозот на диви уловени птици. BirdLife International укажува на тоа дека квотите за улов издадени од индонезиската влада биле „надминати до 18 пати на некои места“ во 1991 година, со најмалку 6.600 чадорести какадуси одземени од дивината од замкари - иако помалку птици биле однесени од дивината во последниве години, и во нумеричка смисла и кога се земаат како дел од целото население. Анкетите поддржани од КДССЖ од индонезиската невладина организација ProFauna предложуваат дека сè уште се случуваат значителни нивоа на трговија со диви уловени бели какаду, со 200+ земени од дивината во северна Халмахера во 2007 година.ProFauna Indonesia (2008). Pirated Parrots Посетено на 12 април 2021. Околу 40% од папагалите (бел какаду, брборест лори, виолетовошиест лори и благороден папагал) фатени во Халмахера се шверцуваат на Филипините, додека приближно 60% одат на домашна трговија во Индонезија, особено преку пазарите на птици во Сурабаја и Џакарта.
Нелегалната трговија со заштитени папагали го крши индонезискиот член број 5, 1990 година (Закон за диви животни во врска со природните ресурси и зачувувањата на екосистемите).
Наводи
Надворешни врски
MyToos — информации за
Категорија:Какадуа Категорија:Папагали Категорија:Птици на Југоисточна Азија Категорија:Птици на Индонезија Категорија:Животни во Зоолошка градина Скопје