Дијадуменијан () (септември 14/19, 208 – 218), бил син на римскиот владетел Макрин и служел на неговиот татко како „Цезар“ (титула) (мај 217–218) и како Август (во 218). Тој бил наречен така бидејќи се родил со було (дел од мембрана кој ја покрива главата на новороденчето) кое формирало „дијадема“.
Дијадуменијан се родил на 14 септември 208 или, според збирката на биографии на римските цареви, "Historia Augusta", на 19 септември бидејќи се родил на ист ден со владетелот Антонин Пиј. Неговата мајка била царицата Нонија Целса, иако малку се знае за неа, таа е спомната во "Historia Augusta". Тој се родил како Марк Опелиј Дијадуменијан, но неговото име било изменето со додавањето на Антонин за да се зацврсти врската со семејството на Марко Аврелиј како што направил Каракала.
Дијадуменијан имал многу малку време да ужива на неговото место или да научи нешто од можностите кои ги нудело истото бидејќи легиите на Сирија биле револтирани и го прогласиле Елагабал за владетел на Римското Царство. Кога Макрин бил поразен на 8 јуни 218, во Антиохија, по смртта на Дијадуменијан загинал и тој.
Наводи
Надворешни врски Life of Diadumenianus (Historia Augusta at LacusCurtius: Latin text and English translation) De imperatoribus Romanis: an on-line encyclopedia of Roman emperors.
Категорија:Родени во 208 година Категорија:Починати во 218 година Категорија:Римски цареви од 3 век Категорија:Северска династија Категорија:Погубени римски цареви Категорија:Родени во непозната година