Лав VI, наречен уште Мудриот или Филозофот (, 19 септември 866 - 12 мај 912) — византиски цар од 886 до 912. Тој бил вториот владетел од Македонската династија (иако неговото родителско потекло е нејасно). Тој бил многу начитан, водејќи по неговиот прекар. За време на неговото владение, преродбата на пишување, почнато од неговиот претходник Василиј I, продолжила, но Царството иста така доживеало неколку воени порази на Балканот против Бугарија и против Арабјаните во Сицилија и Егејот.

Ран живот За што поцврсто да ја врзе царската круна за своето семејство, Василиј I веќе на 6 јануари 869 го крунисал за совладетел својот постар син Константин, а една година потоа и вториот син Лав, а околу 879 по прераната смрт на Константин, и третиот - Александар, додека најмладиот Стефан, станал свештеник, и подоцна за време на владата на својот брат Лав VI, го зазел патријаршискиот престол престол. Царевиот првенец и љубимец Константин бил син на неговата прва жена „Македонката“ Марија. Лав Александар и Стефан биле синови на Евдокија Ингерина, последните двајца се родени дури по доаѓањето на Василиј на престолот.Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 286.

По прераната смрт на Константин, правото на наследство на престолот преминало на Лав, и покрај длабокото нерасположение и недоверба што неговиот татко ги негувал спрема нему. Напрасната смрт на својот првенец, Василиј I не можел да ја преболи и последните години од својот живот ги провел во тешка душевна депресија. На 29 август 886 година во несреќен случај загинал во лов.Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 295.

Внатрешна политика Рано владение По доаѓањето на престолот, Лав VI веднаш го отстранил патријархот Фотиј, а за патријарх го довел својот млад брат Стефан. Овој пат Фотиј конечно изчезнал од историската сцена: умрел во Ерменија, во прогонство.

Лав VI Мудриот формално го делел престолот со својот брат Александар, но овој, предаден на уживањата, не учествувал во водењето на државните работни. Главен царев советодавец, за време на првиот и најплоден на неговото владеење, бил таткото на неговата љубовница и подоцна сопруга Зоја, Ерменецот Стилијан Зауцес, за кого е создадена почесната титула „василеопатор“ (царев татко).Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 295-297.

Лав VI како образовна личност Како ученик на големиот Фотиј, кон кого се покажал толку неблагодарен, Лав VI располагал со одлично образование и и многустрано знаење. Бил плоден писател и страствен говорник. Верноста кон античките традиции кај него поизразено се забелележува отколку кај неговиот татко, но се манифестира не толку на политичко колку на литературно поле и се прикажува во изразено теолошко облекло. Лав бил побожен владетел со силни наклоности за теологија. `Пишувал црковни песни и многубројни хомилии и говори, кои сакал да ги држи сам за црковните празници, мешајќи ги догматските излагања со класичните реминисценции. Напишал и огромна погребна реч за својот татко, како и повеќе извештачени световни песни, а на крајот и збирка од пророштва за судбината на Царството, која во Византија била многу омилена. Изгледа дека токму поради својата литературна дејност Лав VI го добил почесниот прекар Мудар.

Историски многу позначајно било обемнето законодавно дело извршено во негово време. Тоа го прославило како најголем законодавец по Јустинијан. Личниот удел на Лав во ова дело не смее да се преценува, иако царевата ученост и литературна вредност несомнено придонеле за неговото изведување. Значајните подготвителни работи, како што е истакнато, биле спроведени за времето на неговиот татко, а паѓа во очи и тоа што големата законодавна дејност припаѓа во првата деценија на Лавовото владеење, кога со политиката на Царството раководел Стилијан Зауцес. Во споредба со овој прв период, подоцнежното владеење на Лав VI, во времето на неговата зрелост, изгледа доста неплодно.Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 297-298.

Негови акти и дела И покрај длабоката заемна антипатија и сосема различните природи и темпераменти, политичките стремежи на Валисилиј I и Лав VI во многу нешта биле слични. Обновата на Јустинијановото право, започната во владеењето на Василиј I, е завршена со „Василиките“ на Лав VI. Царските закони на Лав Мудриот, поделени во 60 книги и 6 томови претставуваат најголема збирка од закони на Византиското царство во средниот век. Изработени со напори на комисија од правници под претседателство на протоспатијата Симватиј, „Василиките“ биле објавени веќе во првите години на владата на Лав VI: тоа е уште еден доказ дека подготвителните зафати за Василиевиот „Анаркатарсис“ биле доста одминати и оти се искористени во „Василиките“. „Василиките“ се збирка како на канонско, така и на граѓанско и јавно право. Тие ја црпат материјат, пред се, од Јустинијановиот Кодекс и „Дигестите“, во помала мерка од „Институциите“, а покрај тоа и од „Јустинијановите Новели“ и „Новелите на Јустин II“ и Тибериј кои им се додадени на Јустинијановите во подоцнежната збирка од т.н. „168 Новели“. На крајот имаат извесни позајмувања и од „Прохирон“ (актот на Василиј I). Како ни нивните претходници од времето на Василиј I, ни правниците на Лав VI не се користеле со оригиналните латински извори, туку се служеле со грчки преводи и коментари од VI и VII век. Во однос на „Јустинијановиот Законик“, „Василиките“ за византискиот читател, имале пред се, предност поради тоа што биле на грчки јазик. Освен тоа, тие се многу попрегледни, бидејќи ја давале целата граѓа, систематски средена, во еден дел, додека „Јустинијановиот Корпус“ - а тоа „Василиките“ и му го префрлаат во својот вовед како најголем недостаток - истиот предмет го третира на повеќе места. Оттаму не е ни чудно што „Василиките“ речиси потполно го истиснале од употреба Јустинијановиот Законик и што за средновекодна Византија станале темел на правната наука. Но и колку да е големо значењето на „Василиките“ за развојот на византиското право, како историски извор тие немаат посебна вредност. Како типично книшко дело, тие ја одразуваат политичката и социјалната реалност на своето време, туку ги повторуваат правните прописи на поранешните векови, најчесто одамна надживеани.

Во поголема мерка современите услови се огледаат во Лавовите „Новели“. Имено, Лав издал збирка од 113 наредби, која по аналогија со Јустинијановите „Новели“, обично се нарекува збирка „Новели“. Најпрвин оваа збирка имала друго име, во кое се одразувала тесната врска на Лавовото законодавство со законодавнот дело на неговиот татко: таа се викала „Исправување и чистење на старите закони“. Лавовите „Новели“ се однесувале на најразлични прашања, кои се распоредени без одреден систем. Од една страна, тие ги менувале или ги отповикувале старите закони, а од друга, им давале законска сила на извесни правни обичаи кои се задржале. „Новелите“ кои се однесувале на црквата му биле упатени на патријархот Стефан, а сите други - иземајќи неколку без адреси - на Стилијан Зауцес. Како и во случајот на Јустинијан и неговиот преториски префект Јован Кападокиски, и овде адресатот судејќи по се, бил вистински автор на издадените наредби. Оваа околност може да се објасни, бидејќи Лавовото законодавство, толку обемно во Зауцесовото време, станало доста скромно по смртта на Зауцес.Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 298-300.

Стекнување неограничена власт Посебно внимание заслужуваат оние новели на Лав VI во кои се отповикуваат правата на градските курии и сенати. Навистина, куриите одамна изчезнале, а и административните и законодавните функции на сенатот постоеле само на хартија. Сепак нивното официјално укинување било значајно, дотолку повеќе што тоа во сите три новели било инспирирано од тоа што сега целата државна управа се наоѓала во рацете на царот. Законодавното дело на Лав VI го завршил значајниот историски процес со кого целата државна власт се усредоточува во рацете на владетелот, а сите државни работи му се довериле на царскиот чиновнички апарат. Семоќта на царот и бирократизацијата на државата под Македонската династија дошле до целосен израз. Сенатот, во кој влегувале вишите државни чиновници, ги губел не само своите стари законодавни и административни функции, туку и она значење што го имале уште во VII век. Државата се идентификувала со царот и неговиот воен и чиновнички апарат. Царот бил господаров избраник врз кого се потпирала господовата идеја. Тој бил врховен поглавар на целокупната државна управа, врховен заповедник на војската, врховен судија и единствен законодавец, бранител на црквата и заштитник на православието. То решавал за војна и за мир, неговата пресуда била конечна и неотповиклива, неговите закони се сметаат вдаховени од господ. навистина, тој морал да се држи до постојното право, но тој можел да го менува според неговото наоѓање со објавувањето нови и со отповикувањето на старите закони. како државен поглавар, царот имал фактички неогреничена власт и со ништо не бил врзан освен со општите морални барања.

Само во црковната сфера царската власт наидувала на посилни ограничувања. И колку да било неогвото влијание и врз црковниот живот, како световно лице, царот можел да биде само заштитник, но не и раководител на црквата. Црквата имала свој сопствен раководител, цариградскиот патријарх, чиј углед и моќ биле во постојан пораст. Без сомневања, царот бил тој кој фактички решавал за поставувањето на патријархот, а како законодавец тој влијаел врз црковната црковната управа. Но, за разлика од поставувањето и отстранувањето на световните достоинственици, за што исклучиво решавала волјата на царот, за поставувањето, а посебно за отстранувањето на црковните великодостоинственици, потребна била согласност на црквата. Исто така, царот можел според сопственото наоѓање да ги менува законите на своите претходници, но тој не можел ниту да ги менува ниту да ги отповикува одредбите на црковните собори. Највисока институција во црковниот живот претставувале црковните собори, на кои им припаѓачо исклучителното право за решавање на верските прашања. Додека световните фактори кои некогаш ја ограничувале царската власт постепено го губеле своето значење, власта на црквата се зголемила истовремено со семоќта на царот.Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 300-301.

Административно уредување Изградувањето на управниот систем и на чиновничкиот апарат на Византиско царство, исто така, главно се завршува под Македонската династија. Развитокот се движел во правецот по кој тргнал во VII век и во конечниот резултат дава слика која мошне се разликува од некогашната појдовна точка: управниот систем на ДоцноРимското Царство.

На преминот од IX во X век, тематското уредување ја добила својата крајна структура. Со постепено делење на големите малоазиски окрузи и со воведувањето тематска организација во другите области, бројот на темите значително се зголемил. Невоедначеноста на првобитната тематска организација постепено му отстапила место на еден строго унифициран систем, откако и различните помали воени окрузи кои биле формирани покрај тематските единици (клисури, архонтии, дукати, катепанати, друнгаријати), со времето се претвориле во теми. Во почетокот на X век, Царството било поделено на тематските единици: во Азија - темите Опсикион, Букеларион, Оптиматон, Пафлагонија, Арменијакон, Халдија, Колонеја, Харсианон, Анатоликон, Тракесион, Кападокија, Месопотамија, Себатеја, Ликандос, Леонтокомис, Селевкија и приморската тема Кивиреота; на