Михаил IV Цариградски — Вселенски патријарх од 1206Michael IV Autoreianos Ecumenical Patriarchate до 1212 година.

Михаил IV бил добро образован човек и член на литературниот кружок на Евстратиј Солунски. Во свештеничката хиерархија тој се исдигнал до ранкот на, мега сакелариј во периодот на грабежот на Цариград за време на Четвртата крстоносна војна во 1204 година.Kazhdan (1991), p. 1365 Во писмо напишано од Јован Апокавк во 1222 година, тој бил номиниран за епископ Амасарски, но Давид Комнин ја одбил неговата номинација како прекршок на неговиот суверенитет.Anthony Bryer, "David Komnenos and Saint Eleutherios", Archeion Pontou, 42 (1988-1989), p. 180 and note Во 1208 година тој бил прогласен за патријарх од страна на Теодор I, како наследник на Јован X кој починал во 1206 година. Ласкарис воспоставил византиска држава во Азија, која се нарекувала Никејско Царство, и се обидел да го убеди Јован X да му се придружи, но овој одбил поради слабоката старост, а воедно и починал кус период по поканата.Kazhdan (1991), pp. 1055, 1365, 2039–2040

Краток период по назначувањето на 20 март 1206 година, Михаил IV го извел крунисувањето на Теодор I. Тој презел необичен потег, спротивно на византиската традиција и православната доктрина, за ветување за прошка на гревовите на Теодор I и војниците кои паднале во битка. Но овој завет бил со кратко траење. Тој починал во Никеја на 26 август 1212 година.

Наводи

Извори

Категорија:Вселенски патријарси Категорија:Починати во 1212 година Категорија:Византијци од 12 век Категорија:Византијци од 13 век Категорија:Луѓе од Никејското Царство