ПрипеченеАнгел Джонев, Македония в железопътната политика на България (1878–1918 г.) ( од 1984Указ № 3147/обн. 28.10.1984 г.) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

мини|Реката Струма во регионот на селото мини|Црквата „Св. Пантелејмон“

Географија и местоположба

Селото Припечене се наоѓа на 18 километри североисточно од Петрич. Селото се наоѓа на надморска висина од 96 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 9.134 км2, во Петричко-санданската котлина. Реката Струма тече 500 метри западно од селото, а месноста Кожух е оддалечена околу еден километар во истиот правец. Селото е важна железничка станица по линијата Кулата - Софија.

Историја Средновековен период Во денешното село Припечеме се наоѓа средновековната карпеста црква „Свети Пантелејмон“, која во антиката била светилиште на Асклепиј. Веројатно во средниот век имало христијанско братство. Ова е потврдено од трагите на многу уништени и неколку преживеани карпести ќелии. Според народните приказни, најраниот период од делувањето на Свети Јован Рилски е поврзан со подрачјето на селотоЦветков, Борис. "Селищната мрежа в долината на Средна Струма през Средновековието, IX – XVIII век", София, 2002, стр. 82-83..

Османлиско Царство

Во 1519 година, Припечене е село во кое се произведувало ориз, и претставувало хас на султанот во Ќустендилскиот Санџак, со приход од 10.400 акчиња. Населено е со 6 муслимански и 39 христијански домаќинстваМатанов, Христо. Възникване и облик на Кюстендилския санджак през XV-XVI век, София 2000, таблица 9..

Во текот на 19 век, селото било мешано и било во составот на Мелничката Каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Препечина (Prépétchina) е село со 29 семејства со 30 жители Турци и 60 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140 – 141..

Георги Стрезов кон 1891 за селото напишал:

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 198 жители, од кои 80 Турци и 114 МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 190.. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 48 Македонци под врховенството на Бугарската егзархијаBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192-193..

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, две лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 872. За време на Балканските војни, во 1913 година селото било окупирано и запалено од страна на грчката армијаКарнегиева фондация за международен мир. „Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни“, София 1995, с. 298..

Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. На 28 октомври 1984 година, селото било преименувано во Генерал Тодоров, посвета на пешадискиот генерал Георги Тодоров. Следната година селото имало 837 жителиМичев, Николай и Петър Коледаров, Речник на селищата и селищните имена в България 1878-1987, София 1989, с. 71..

Стопанство

Во почетокот на декември 2010 година бил откриен Сончев парк „Припечене“ со моќност од 0,8 мегавати и површина од 18,6 декари.Соларният парк "Припечене" открит, Economy News.bg, 03.12.2010

Население +Население на Припечене по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 404 631 719 877 812 837 817 788 693 639

+Етнички состав на населението од 2011 година: Националност Жители Процент Бугари 636 98,45% Роми 6 0,93% Останати 3 0,46% Вкупно 646 +Население по возраст од 2011 година:

Културни и природни знаменитости

Во селото се наоѓа црквата „Св. Пантелејмон“ која датира од средниот век. Во близина на селото се наоѓа месноста Рупите, познато по минералните извори и храмот на Баба Ванѓа. Над месноста пак се наоѓа врвот Кожух, кој во минатото бил вулкан.

Редовни настани Празникот на селото е на 18 јануари.

Личности Родени Атанас Танчев, основач и тренер на ФК Локомотив. Георги Костов, мелнички војводаНиколов, Борис. ВМОРО – псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.52 Иван Вангелов Попов, балкански шампион по табла. Стојан Милев (р. 25 јули 1948), бугарски писател Починати Динчо Вретенаров (? – 1924), македонски револуционер Штерју Влахов (1884 – 1924), македонски револуционер

Наводи

Категорија:Општина Петрич Категорија:Села во Пиринска Македонија