Вселенски патријарх („Негова божествена сесветост архиепископот Цариградски, Нов Рим и Вселенски патријарх“) — архиепископ Цариградски – Нов Рим и се рангува како primus inter pares (прв меѓу еднаквите) во православната црква, и се смета за духовен водач на 300 милиони православни христијани ширум светот.
Вселенскиот патријархат на Цатриград е една од најиздржливите институции во светот и има важна улога во светската историја. Вселенскиот патријарх во антиката помогнал во ширењето на христијанството и во разрешувањето на различни доктрински спорови. Во средниот век тие имале голема улога во случувањата во православната црква, како и во политиката во православниот свет и во ширењето на христијанството меѓу Словените. Денес, покрај ширењето на христијанската вера и православната доктрина, патријарсите се вклучени и во екуменизмот и меѓуверскиот дијалог, добротворна работа, и одбрана на православните вредности.
Во петте апостолски седишта во пентархијата, Вселенскиот патријарх се смета за наследник на Апостол Андреја. Моменталниот начелственик е Вселенскиот патријарх Вартоломеј I, 270-тиот по ред патријарх.
Статус во православната црква
Вселенскиот патријарх е прв меѓу епископите во православната црка, начелствува лично – или преку назначено лице – на секој собор на православните цркви или епископи во кој ја има улогата на главен говорник за православната заедница, особено при воспоставувањето на контакти со други христијански цркви. Тој нема директан надлежност над останатите патријарси или други автокефални православни цркви, но тој, самиот меѓу сите останати го има правото да свика вонредни синоди кои се состојат од патријарсите или нивните делегати за да се справат со ненадејни ситуации и исто така има свикувано сеправославни синоди во последните 40 години.
Покрај тоа штое е духовен водач на повеќе од 300 милиони православни хриситијани ширум светот, тој е директен административен началник на диоцезата и архдиоцезата опслужувајќи милиони грчки, украински, русински, и албански верници во Северна и Јужна Америка, Западна Европа, Австралија и Нов Зеланд, и делови од современа Грција кои, од историски причини, не се под надлежност на Грчката православна црква.
Неговата позиција е патријарх на Цариградската праославна црква, една од четиринаесетте автокефалн и неколку автономни цркви и ако не една од најстарите од четирите православни првични седишта меѓу петте патријахални христијански центри кои ја сочинувале пентархијата на неподелената црква. Во неговата улога како поглавар на православната Цариградска црква, ја има и титулата архиепископ Цариградски, Ново Римски.Website of Bartholomew, Archbishop of Constantinople New Rome and Ecumenical Patriarch, Ec-patr.org .
Не треба да се поистоветува со латинскиот Цариградски патријарх, титула која не постои денес, и била создадена по латинското освојување на Цариград во 1204 година, за време на четвртата крстоносна војна. Оваа титула станала непотребна со повтоното заземање на градот од виантијците, половина век подоцна. Исто така, надвор од православието, како грчки Цариградски патријарх.
Историја
Седиштето на Византија (градот Цариград) традиционално се верува дека е основан од Апостолот Андреја. Сепак, е историски поверојатно дека патријархатот ја преземал оваа улога започнувајќи со промената на главниот град на Источното Римско Царство од Рим во Цариград, од страна на Константин Велики што било завршено во 451 година, инспирирано од идејата на Јустинијан I за пентархија.
Вселенскиот патријарх историски е познат како грчки Цариградски патријарх, за да се направи разлика од Ерменскиот Цариградски патријарх и крстоносниот латински Цариградски патријарх.
Турската влада го признава како духовен водач на грчкото малцинство на Турција, и му се обраќа како грчки православен Фенерски патријарх (). Патријархот бил потчинет на авторитетот на Отоманското Царство по освојувањето на Цариград во 1453 година, е до прогласувањето на Република Турција во 1923 година. Денес, според турските закони, тој подлежи на законите на Република Турција и потребно е да биде граѓнин на Турција.
Цариградскиот патријарх бил наречен Вселенски патријарх уште од век."Oecumenical Patriarch." Cross, F. L., ed. The Oxford Dictionary of the Christian Church. New York: Oxford University Press. 2005. Точното значење на ова именување, кое било во употреба повремено од прелатите од средината на век, никаде не е официјално дефинирана, според Оксфордкиот речник за правосланата црква, титулата била критикувана од католичката црква како несоодветна со она на светата столица.
Света Гора
Манастирските заедници на Света Гора се ставропигија и се директно под владение на Вселенскиот патријарх, кој е единствениот епископ со владение на таа територија. Света Гора, „Автономна манастирска држава на Светата Планина Monastic State of the Holy Mountain“, е самоуправен дел од Грција, под владение на Министерството за надворешни работи од политички и под владение на Вселенскиот патријарх од верски аспект. "Mount Athos Home Page - Athos Map — Political Situation", Retrieved 2011-11-29
Улога во православието
Вселенскиот патријарх има единствена улога меѓу православните епископи, но и таа не е без оспорувања. Тој е primus inter pares („прв меѓу еднаквите“), бидејќи тој е најглавен меѓу православните епископи. Ова првенство, напишано во канонската литература како presbeia, му дава прао на Вселенскиот патријарх да претседава со сите сеправославни синоди.
Дополнително, канонската литература на православната црква му дава право на Вселенскиот патријарх да ги ислуша жалбите за случаи поврзани со спорови меѓу епископите. Сепак, дали овие канонски права се ограничени само на неговиот патријархат или пак се универзални низ православната црква е тема на дебата, особено меѓу Вселенскиот патријарх и Руската православна црква.
Историски, Вселенскиот патријарх има примено вакави жалби и понекогаш бил поканет да интервенира во другите црковни спорови и потешкотии. Има примери дури и од времето на Св. Јован Златоуст ( век), Цариград бил инструмент за расчинување на многу голем број на епископи надвор од традиционалното владение. Ова се случува и до ден денес, кога во 2006 година патријархатот бил повикан да помогне во прогласувањето за неспособен за извршување на функцијата на архиепископот Кипарски поради заболеност од Алцхајмерова болест.Constantine Markides: AG investigates church sex scandal . Посетено на 2006-11-28. Дополнително, во 2005 година, Вселеснкиот патријарх свикал сеправославен собор за да му соопшти на православниот свет дека е расчинет патријархот Иринеј од Ерусалим.BBC online: Orthodox leader demoted to monk. Посетено на 2006-11-28. Во 2006, патријархатот бил поканет да ја сослуша жалбата на рускиот православен епископ во Обединетото кралство во спорот со неговиот претпоставен во Москва, но резултатот од жалбата и правото да донесе одлука биле оспорени од Москва.Ecumenical Patriarchate: Press Release for the election of Bishop Basil of Amphipolis . Посетено на 2006-11-28.
Вселенскиот патријарх нема директно владение надвор од Цариградската патријаршија, право дадено од канонските записи, неговата првична функција е сметање на целата православна црква како единствена целина и да се справува со односите меѓу автокефалните и автономните цркви. Со други зборови, неговата основна улога е да го промовира и одржува единството во црквата.
Оваа посебна улога го прави Вселенскиот патријарх „духовен водач“на православната црква, иако ова не е официјална титула на патријархот ниту пак е користена во пишаните извори на патријархатот. Ваквата титула е прифатлива ако се однесува само на оваа единствена улога, но истата понекогаш доведува до погрешното верување дека титулата е еднаква со онаа на папата. Но, сепак, не постои православно тврдење за еднаквост со папството: православните цркви функционираат како синодички систем, додека пак свештеничките работи се разрешуваат од соодветен синод од епископи, во кој секој епископ има еден глас. Петте патријарси на старата пентархија (Рим, Цариград, Александрија, Антиохија и Ерусалим) им се оддава поголема чест, но немаат вистинска моќ над останатите епископи освен што го водат синодот (во кој сите имаат по еден глас).
Во 2007 година, патријархот ја одобрил Равенскиот документ, католичко-православен документ со кој епископот Римски е навистина Prōtos („прв“) во црквата, слично на „прв меѓу еднаквите“ а не над останатите, иако наредните разговори треба да се одржат на целосно еклециолошка употреба на папоцентризмот. Според "Subsistit in" in Lumen Gentium, патријархот е вистински световен епископ во Римската еклесиологија, и всушност има несовршено заедништво меѓу Цариград и Рим, кое постои независно и кое може да се подобри во иднина.
Заштита на околината
Поради одлуката на Димитриј, кој го воспоставил 1 септември како ден за заштита на околината,Goarch.org и особено продолжената работа на сегашниот патријарх, Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја има добиено и титулата, „зелен Патријарх“. Па така, ликот на Вартоломеј а со тоа и функцијата Вселенски патријарх денес се сметаат за верски говорници за еколошките проблеми и како „зелен“ духовен водач на светот.Beliefnet.com
Историја
цариградската архиепископија има непрекината историска врска од создавањето на градот во 330 година од страна на Константин Велики. Кога Константин Велики го зголемил Византион за да го направи нов главен град во 330 година, се сметало дека е соодветно епископот, некогаш потчинет на езархот Тракиски и Македонски, митрополитот Хераклејски, и традиционално се смета за наследник на светецот Андреја, ќе биде втор по епископот Римски. По преместувањето на римскиот главен град, епископијата била издигната на ниво на архиепископија."Ecumenical Patriarchate of Constantinople", Encyclopædia Britannica 2005 Deluxe Edition CD-ROM. Долг период поглаварите на црквата во Рим се спротивставувале на оваа амбиција, не зашто некој го оспорил нивното прво место, туку зашто тие го бранеле 'Петровото начело' според кое сите патријарси биле наследници на Свети Петар и не биле волни да го прекршат стариот ред на хиерархија од политички причини.
Во 381 година, на Вториот вселенски собор објавил дека „Цариградскиот епископ ќе има предност во чествувањето по епископот Римски, бидејќи сега е тоа Нов Рим “ (канон III). Патријарсите одбиле да го потврдат овој канон. Сепак, престижот на оваа функција продолжил да расте не само поради покровителството на византискиот цар туку и поради физичката и географската важност. Во практиката, епископот Римски ја прифатил оваа ситуација.
Четвртиот вселенски собор од 451 година го воспоставил Цариград како патријархат со свештенско владение над Мала Азија и Тракија како и над сите варварски територии, нехристијанските земји надвор од влијанието на западниот патријархат (Рим) и останатите три патријархати, Александрија, Антиохија и Ерусалим, му дале апелациона надлежност екстратериторијално над канонските закони донесени од останатитие патријарси и му доделиле почести еднакви со оние кои му припаѓаат на христијанското седиште, Рим, во однос на првенството, Рим ја задржал својата надмоќ (канон XXVIII). Лав I одбил да го прифати овој канон, засновајќи се на фактот дека бил донесен во отсуство на неговите легати. Во век, официјалната титула бил „архиепископ Цариградски,Ново Римски, и Вселенски патријарх.“ Идеалистичката визија за паентархија да владее со сиот христијански свет бил осмислен и за истата се залагал Јустинијан I, Цариградската патријаршија е директен резултат на овој идеал во Византија.
Сегашниот патријарх (од 1991) е Вартоломеј I кој станал попознат од кои и да бил негов петходникво современието како резултат на бројните свештенички и диполматски посети на бројни земји на пет континтенти и отворањето на трајна канцеларија во седиштето на Европската Унија, како и зајакнувањето на одамна воспоставениот патријархат во Прењи-Шанбези, Швајцарија какко и неговите еколошки делувања кои му го донеле прекарот „зелен Патријарх.“