Исидор II Ксантопул () бил Вселенски патријарх од 1456 до 1462.
Живот Многу малку е познато за животот и патријаршијата на Исидор. Неговото презиме потекнува од Ксантополскиот манастир во Истанбул, каде се зачленил и станал јеромонах, а подоцна и игумен. Исидор работел заедно со Генадиј Схолариј за време на Советот на Фиренца и бил еден од потпишувачите на документот од 1445 против источно-западната унија на црквите. Во овој период Исидор бил прогласен за духовен отец на грчката заедница во Истанбул.
По давањето отказ од страна на Генадиј Схолариј како патријарх во средината на јануари 1456, Исидор бил избран за наследник. Тој бил признат од султанот Мехмед II и бил избран за епископ во Манастирот Богородица Памакаристос.
Неговото владеење траело до неговата смрт на 31 март 1462, за подоцна да биде наследен од патријархот Јоасаф I.
Белешки
Надворешни врски
Категорија:Починати во 1462 година Категорија:Вселенски патријарси Категорија:Родени во непозната година