мини|десно|250п|Бистричкото Езеро на реката

Вистрица () — река во југозападна Албанија со должина од 25 км. Претставува единствената река во земјата што се влева во Јонското, наместо во Јадранското Море.

Географија Реката почнува од планината Сопот (Ѓера) кај Фојник (Финиќ). Главниот извор е Сино Око () кај с. Кронги, но водата се собира и од изворите кај блиските села Печа, Гардикак, Велјахово и други. Минува низ подрачјата на Месопотам и Фојник, долж патот Саранда - Ѓирокастро.

Првобитно, реката се влевала во Бутринтското Езеро, кое е поврзано со Јанското Море преку каналот Вивари, но во 1958 г. е пренасочена кон каналот Чука.

Стопанство и туризам Реката не е пловна, но во 60-тите години на XX век на неа е изградено вештачкото Бистричко Езеро () со три хидроцентрали.KESH - History of Energy in Albania Во извесна мер,а водата се користи и за наводнување на полињата на блиското село Кенурио (Вург). Капацитетите се приватизирани во 2010 г., проследено со многу контроверзии. Познато туристичко место е карстниот извор на реката наречен Сино Око кај с. Кронги на место богато со растителен и животински свет.

Поврзано Бистрица — село по течението на реката Бистрица — истоимени реки и населени места во разни земји Список на реки во Албанија Список на езера во Албанија

Извори Sjöberg, Örjan. "A Contribution to the Geography of Hydro-Electric Power Generation in Albania", Osterreichische Osthefte [Vienna], 29, No. 1, 1987, 5-27. ISSN 0029-9375 Mevlan Kabos; Eshref Pumo; Farudin Krutaj. "Gjeografia fizike e Shqipërisë : në dy vëllime", Qendra e Studimeve Gjeografike (Akademia e Shkencave e RPS të Shqipërisë), 1990–1991, 112. OCLC 38055712

Наводи

Надворешни врски

Географија

Категорија:Реки во Албанија Категорија:Јонски слив