Дреново — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба

Село Дреново се наоѓа во источните падини на Огражден на 22 километри северно од градот Петрич. Атарот на селото зафаќа простор од 9.116 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 895 метри.

Историја

За првпат селото под денешното име се споменува во грамотата на Јован Драгаш и Константин Дејанов, која е датирана во околу 1378 годинаНоваковић, Стојан. „Законски споменици српских држава средњега века“, Београд, 1912, стр.513..

Османлиско Царство Селото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година со името Дреново. Во истата година, во селото живееле 3 муслимански семејства и 84 христијански семејстваТурски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр.559-561..

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и се наоѓало во составот на Петричката Каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г.Дреново (Drianovo) е село со 55 семејства и 190 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148 – 148.. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители, сите МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 208 Македонци под врховенството на Бугарската егзархијаBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186 – 187..

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, едно лице од селото било доброволец во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 844.

Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Наводи

Категорија:Општина Петрич Категорија:Села во Пиринска Македонија