Италијански катепанат — покраина на Византија, која го опфаќала јужниот дел од линијата од Монте Гаргано па сè до Салернскиот Залив. Амалфи и Неапол, иако се северно од оваа линија, биле лојални на Цариград преку катепанот. Италијанската област Капитанита го добила своето име од зборот катепанат.

Историја

По падот на Равенскиот егзархат во 751 година, Византија била отсутна од случувањата воо јужна Италија скоро цел век, но со крунисувањето на царит Василиј I (867–886) во Цариград го сменил ова: од 868 година па натаму, византиската морнарица и византиските дипломатибиле вклучени во дејствија со кои требало да се обезбеди Јадранското Море од сараценските грабежи, и да се возобнови византиското владение над Далмација, и да се прошири византикската контрола повторно над делови од Италија. Како резултат на овие напори, Отранто бил ослободен од Сарацените во 873 година, и Бари преминал под византиска управа во 876 година. Походите на способниот генерал Никифор Фока Постариот во средината на 880-ите јаза зацврстиле византиската контрола на поголемиот дел од Апулија и Калабрија. Овие победио биле проследени и одржани од неговите наследници и ги поставиле темелите за повторно издигнување на Византија како сила во јужна Италија, што довело до создавањето на темата Лангобардија во 892 година. Областите Апулија Калабрија и Базиликата ќе останат цврсто под византиска власт сè до 11 век. Околу 965 година, била воспоставена нова управна единица Луканија, стратегот (воениот управник) на Бари бил издигнат на титула италијански катепан, вообичаено со ранка на патрициј. Ова издигнување на воената титула било потребно поради загубата на блиската тема Сицилија, претходен византиски посед, била освоена од арапите.

Неколку нормански авантуристи, кои биле на поклонение во светилиштето на Архангел Михаил во 1017 година, се придружиле во бунтот на лангобардските градови во Апулија против византијците. Од 1016 до 1030 година норманите биле платеници, кои служеле на Византија или пак на Лангобардите, и во моментот кога војводата Сергеј IV Непалски, го назначил нивниот водач Ранулф Дренгот за управник на тврдината Аверса во 1030 година, со што им дал цврсто упориште, тие започнале организирано да ја освојуваат земјата. Во 1030 година таму пристигнале и Вилијам и Дрого, двајцата постари синови на Танкред Готвиљски, ситен благородник од Кутанс , Нормандија. Двајцата се здружиле во организиран обид дај за соборат византиската власт во Апулија, јои изгубиле поголем дел од територијата на покраината до 1040 година. Бари бил освоен од норманите во април 1071 година, и византиската власт конечно завршила во Италија, пет векови по освојувањата на Јустинијан I. Византијците се вратиле накусо повторно во 1156 година при опсадата на Бари.

Титулата Катапан ана Апулија и Калабрија била повторно накусо воведена од страна на грофот Жилбер Гравински во 1166 година, роднина на кралицата регент Маргарета Наварска. Во 1167 година, со неговиот авторитет и титула катепан, Жилбер ги протерал германските војски од Кампанија со што го предизвикал Фридрих Барбароса да ја покрене опсадата на Анкона.

Катепани Период Катепанат970 – 975 Михаил Абидел982Роман982 – 985 Калокир Делфина985 – 988Роман988 – 998 Јован Амиропул 998 – 1006 Грегориј Траханец 1006 – 1008 Алексиј Ксифија 1008 – 1010 Јован Курку 1010 – 1016 Василиј Месародонит 1017 Лав Торник Контолеон 1017 – 1028 Василиј Војоан1028 – 1029 Христофор Бургар1029 – 1032 Пот Аргир1032 – 1033 Михаил Протоспатар1033 – 1038 Константин Оп1038–1039Михаил Спондил1039 – 1040 Никифор Докијан1040 – 1041 Михаил Докијан1041 Ексавгуст Војоан1042 Синодијан1042 Ѓорѓи Манијак1042 Пард1043 Василиј Теодорокан1045 – 1046 Евстатиј Палатин1046 Јован Рафаил1051 – 1058 Аргириј1060 Мирјарх1060 - 1061Марули1061 – 1062 Сиријан1063 – 1064 Абулхар1064 Перен1066 - Михаил Маврекс1069 – 1070 Авартутел1071 Стефан Патеран

Наводи

Извори Peter Charanis. "On the Question of the Hellenization of Sicily and Southern Italy During the Middle Ages." The American Historical Review. Vol. 52, No. 1 (Oct., 1946), pp. 74–86.

White, Lynn, Jr.. "The Byzantinization of Sicily." The American Historical Review. Vol. 42, No. 1 (Oct., 1936), pp. 1–21.

Категорија:Покраини на Византија Категорија:Византиска Италија Категорија:Италија во 11 век Категорија:Италија во 12 век Категорија:Поранешни држави на Апенинскиот Полуостров