Битката кај Бугарофигон се одвила во летото на 896 година кај Бугарофигон, денешна Турција, помеѓу силите на Византиското Царство и силите на Бугарија. Битката е дел од Византиско-бугарските војни, а завршила со победа на Бугарите.
Заднина
За време на владеењето на Борис I, Бугарија поминала низ големи промени - христијанизацијата на земјата и прием на учениците на светите Кирил и Методиј, со што бил означен почетокот на создавањето и консолидација на средновековната бугарска литература и писмо. И покрај големиот број на воени успеси против повеќето соседни земји, Борис I успеал да го зачува бугарскиот територијален интегритет.Andreev, pp. 73, 75. Во текот на Преславскиот собор во 893 година, кој бил свикан по неуспешниот обид на најстариот син на Борис, Владимир-Расате да ја врати традиционата бугарска религија на Тенгризам, било одлучено отстранување на византиското духовништво во Бугарија и неговата замена со бугарско црковно свештенствоZlatarski, pp. 271–273Zlatarski, pp. 261–262 кое го ограничило политичкото и културното влијание на империјата во земјатаAndreev, p. 87. На соборот исто така било одлучено неговиот трет син Симеон, роден по покрстувањето на земјата, да стане следниот цар на БугаријаAndreev, p. 92 .
Овие настани ги намалиле византиските надежи да извршат влијание на новата христијанизирана земја, и царот Лав VI Мудриот (886-912) наскоро имал шанса да се одмазди. Монополот за трговија со Бугарија во Византија го добиле двајца големи трговци. Во спогодбата на Стилијан Зауцес овие трговци го пренеле центарот за трговија со Бугарија од Цариград во Солун и значително ги зголемиле царините со кое бил нарушен договорот од 716 годинаRunciman, p. 144Zlatarski, p. 286. Со тоа биле погодени бугарските интереси.Obolensky, p. 105, и откако сите протести останале без резултат., Симеон навлегол во ВизантијаAndreev, pp. 92–93, како прва економска војна во Европа. Во првата битка во 894 година византиската армија (составена претежно од царската гарда) била целосно поразена. Византиската дипломатија успеала да обезбеди сојузници - Унгарците кои во 895 година успеале на двапати да ги победат бугарските војници во Северна Бугарија (денешна Украина), па дури и да го опсаднат Симеон I во Дњепар и Дон.
Во третиот конфликт, Унгарците биле запрени и поразени од Борис I, кој ја напуштил манастирската мисија за да му помогне на својот син. Подоцна со заеднички активности Бугарите и Печенезите ја надминале унгарската опасност. Симеон I ги обновил активностите против Византија.
Интервенција на Унгарците
Византијците набрзина собрале голема војска во која беа вклучени императорската гарда која се состоеше од хазарските платеници. Во жестоката битка во темата Македонија (денешна Источна Тракија), веројатно околу АдријанополZlatarski, p. 289, Византијците биле поразени и нивните команданти загинале. Поголемиот дел од Хазарите биле заробени и Симеон ги испратил во главниот град за срам пред РимјанитеAndreev, p. 93.
Бидејќи главните византиски сили биле ангажирани во источниот против Арапите, Лав VI се обидел преку византиската дипломатија ги придобие унгарските сил, испраќајќи пратеници со богати дарови на УнгарцитеZlatarski, pp. 293–294, кои во тоа време живееле во степите на североисточниот дел на БугаријаZlatarski, p. 292. Кога Симеон одбил да склучи мир и го затворил византискиот пратеник, на крајот на 894 со помош на византиската морнарица унгарските сили започнале преку Дунав да интервенираат, и покрај фактот што Бугарите ја затвориле реката со синџири и јажиња. Симеон I, кој бил на византиско-бугарската граница, се соочил со Никифор Фока. Неговата војска била поразена од Унгарците некаде во Добруџа и самиот Симеон морал да побегне кон тврдината Дрестер (СилистраRunciman, p. 146).
Во меѓувреме, Симеон направил сојуз со Печенезите додека народот апелирал неговиот татко Борис, кој станал монах, да ја преземе командата на армијата. Во решавачката битка Унгарците претрпеле катастрофален пораз. Како резултат на овој пораз, Унгарците морале да се повлечат кон Панонија, каде подоцна го основале Кралство УнгаријаObolensky, p. 106.
Битка
Симеон кога се вратил во Преслав, горд на победатаAndreev, p. 94, започнал напади на Тракија. Византијците собрале многубројна армија од сите теми (тие дури ги оповикале и војниците кои се бореле против Арапите на азиската граница). Двете армии се сретнале крај Бугарофигон во летото 896. Според еден византиски историчар, византијците биле целосно поразени и сите убиени. Меѓу жртвите бил Теодосиј, вториот по команда на армијата, но дел од византиската армија успеала да побегне од бојното полеRunciman, p. 147. Византискиот пораз бил толку сериозни што еден нивни војник во пензија, Лука Столпник станал аскет..
Стекнувајќи превласт, Симеон I ги предводел бугарските војници во Цариград, опожарувајќи ги селата по патот. Според муслиманскиот историчар Ал Табари, Лав VI решил да го одбие мирот и бил принуден да ја собере армијата на арапските воени заробеници и да ги испрати против Бугарите, со ветување на слободаZlatarski, p. 317. Бугарите биле запрени надвор од ѕидините на Цариград и Симеон I се согласил да преговараAccording to Zlatarski, Simeon I retired without fighting the Arabs, because otherwise al-Tabari would have noted the event. See Zlatarski, p. 317.
Последици
Војната завршила со мировен договор кој формално траел до смртта на Лав VI во 912, според кој Византија била должна да плаќа на Бугарија годишен данокRunciman, p. 148 во замена за враќање на 120.000 заробени византиски војници и цивилиTreadgold, p. 464. Според спогодбата, Византијците исто така отстапиле територии околу Црно Море и СтранџаZlatarski, pp. 318–321 а Бугарите исто така ветиле дека нема да ги нападнат византиските територии.
Симеон I бил задоволен со резултатите и се смета дека имал супериорност над Византиското Царство. И покрај успехот, тој сфатил дека има уште многу да се направи. Поради тоа, тој започнал амбициозна програма за изградба на Преслав, кој ќе може да биде соперник на ЦариградAndreev, pp. 94–95. Во меѓувреме, Симеон ја наметнал својата власт над СрбијаFine, p. 141.
Наводи
Литература
Категорија:Бугарија во 9 век Категорија:Византија во 9 век Категорија:Битки во Византиско-бугарските војни