Византиско-бугарски војни — низа на судири меѓу Бугарите и Византијците, кои се одвивале во текот на поголемиот дел од средниот век претежно на Балканскиот Полуостров. Конфликтите започнале откако основачите на Бугарија (Прабугарите) на чело со Аспарух се населиле во североисточниот дел на полуостровот во последната четвртина на 7 век и поминале низ неколку фази. До почетокот на 9 век државата на Аспарух и неговите наследници успеала да се наметне врз териториите на Византија и истата се наоѓала меѓу Стара Планина и долниот тек на Дунав. Во првата половина на 9 век следело брзо проширување на териториите кон југ и југозапад, повторно за сметка на Византија. Најпрвин во времето на хан Крум (владеел во 803-814), а подоцна и кај цар Симеон I (893-927), Бугарија претставувала сериозна закана за Цариград. Во текот на три века Бугарите од запад, заедно со Арапите од исток, биле најопасните непријатели на Византија. Борбата со Византијците бил важен фактор за јакнење на бугарската држава и нејзино трансформирање во централизирана монархија. Експанзијата над земјите, населени со Словени, поради успешните судири со Византијците, довело до промена не само во територијалниот, туку и во етничкиот изглед на Дунавска Бугарија.

Во периодот на византиското владеење (до 1186 година), Бугарите кренале неколку неуспешни востанија. Востанието на Асен и Петар во 1185/1186 година довело до создавање на Второто Бугарско Царство со седиште во Трново. Во почетокот на 13 век, во времето на цар Калојан, возобновената бугарска држава ги опфаќала повторно (како три века порано) Мизија, Тракија и Македонија, а во периодот 1204-1261 година се вмешила активно во борбата меѓу Епир, Никеја и западноевропските крстоносци за наследството на привремено уништената Византија. Од втората половина на 13 век соперништвото помеѓу Бугарите и Византијците преминало во потесен територијален опсег (Тракија), паралелно со појавата на нови регионални сили (Унгарија, Златната орда, Србија, Турците). Ова соперништво го олеснило навлегувањето на Османлиите на Балканот во средината на следното столетие, како резултат на што и Бугарија, и Византија биле покорени од Османлиите.

Според поголемиот дел од историчарите, во Византиско-бугарските војни спаѓаат и конфликтите меѓу Самоиловото Царство и Византија.

Аспарух Византијците првично се судираат со основачите на Бугарија (Прабугарите) кога најмладиот син на хан Кубрат, Аспарух, се преселил кон запад, окупирајќи ја денешната јужна Бесарабија. Искористувајќи ги постојаните војни на Византија со Арапите, хан Аспарух ја поминал реката Дунав и влегол во Мала Скитија (денес Добруџа). Во 680 година византискиот цар Константин IV Погонат организирал голем копнен и морски поход против прабугарските племиња. Така се случила една од првите битки кај Онгала.Петров, Образуване на българската държава, с. 202-205 Војниците на царот Константин IV пристигнале во Онгала и започнале воени дејствија против прабугарските војници. Поради големиот број на византиски војници, прабугарската војска се повлекла во утврдување, кое било изградено на островот Певки. Војниците на Аспарух започнале да им нанесуваат тактички порази на византиските сили, без да се обидуваат целосно да ги разбијат.Чолпанов, Б., и др: Историја на Бугарите: Военна историја, стр. 73 Византијците започнале опсада на островот која траела четири дена, по кое царот Константин IV најавил на војниците дека оди на лекување во Акве Калиде (денес Бургас) и го напуштил бојното поле. Овој потег негативно влијаел врз борбениот дух на византиските сили. Добрата организирана одбрана на Прабугарите, нивната стратешка позицијаАтанасов, Щ. и др.: Българското военно изкуство през феодализма, стр. 37 и нивните постојани напади предизвикале византиските сили да се повлечат. По нивното повлекување, прабугарските сили започнале голема контраофанзива нанесувајќи им голем пораз. По победата, силите на Аспарух ги зазеле земјите до Стара Планина.В. Бешевлиев, Първобългари, с. 60

Тервел мини|дясно|270п|Византиско-бугарски војни во почетокот на VIII век

Во 705 година, бугарскиот хан Тервел помогнал на детонираниот од власт во 695 година византиски цар Јустинијан II да се врати на престолот по 10 години заточеништво. За да покаже благодарност, Јустинијан ги наградил Бугарите со злато, сребро, свила, ја дал високата византиска титула "Кесарија" (Цезар) на бугарскиот владетел. Бугарија ја добила и стратешката област Загора, сместена меѓу денешна Стара Загора и Црно Море.

Три години подоцна, Јустинијан II решил да ги врати назад територите, кои претходно ги подарил. Во 708 година византиските коњаници пристигнале пред тврдината Анхијал и изградиле камп околу неа, бидејќи не се сомневала дека бугарската армија ги очекува скриена во планинските вериги во областа. Така, во 708 година помеѓу двете сили се одвила битка во која Византија била поразена.Николов, Г., Централизъм и регионализъм в ранносредновековна България (края на VII – началото на XI век), Акад. изд. „Марин Дринов“, София 2005, ISBN 954-430-787-7, с. 82-83; В. Бешевлиев, Първобългари, с. 54-55; Златарски, В., История на българската държава през средните векове, т. 1, ч. 1, София 1970, с. 219-221 Како резултат од битката Бугарија ги утврдила позициите во новите територии јужно од Стара Планина. Во 711 година Јустинијан II повторно побарал помош од Тервел (за да го врати повторно изгубениот престол). Бугарскиот владетел му испрартил само војска од 3,000 луѓе, на кои подоцна бил даден безбеден, слободен коридор за да се вратат во Бугарија. Јустинијан II по ова бил погубен.

Мировен договор бил склучен дури во 716 година. Со него биле регулирани границите во Тракија, годишниот данок на Византија за Бугарите, билатералните трговски односи и воената помош, која Бугарите ја дале на Византија, за да биде одбиена арапската опсада на Цариград во 717-718.Златарски, История на българската държава през средните векове, т. 1, ч. 1, с. 238-244, 247; В. Бешевлиев, Първобългари, с. 76-77 Мирот од 716 година се заќувал скоро четириесет години.Златарски, История на българската държава през средните векове, т. 1, ч. 1, с. 267-268

Походи на Константин V Копроним

Во 755 година завршил подолгиот период на мир меѓу Дунавска Бугарија и Византија. Повод за тоа претставувале големите победи над Арапите од страна на византискиот цар Константин V Копроним. По успехот, тој презел активности за зајакнување на границите со Бугарија. За таа цел во Тракија биле раселени население од Ерменија и Сирија, кои имале воена служба. Хан Кормисош внимателно ги набљудувал активностите на Византија, и изградбата на нови византиски тврдини на границата претставувало нарушување на мирот склучен во 716 година од неговиот претходник Тервел. Бугарските пратеници сакале од Константин да плати данок за новоизградените тврдини. Одбивањето на византискиот цар било проследено со бугарски напад во Тракија. По грабежите на византиските земји, војските на Кормисош пристигнале до околината на Цариград. Крај "Долгиот ѕид" тие биле пречекани и поразени од царската војска.Златарски, I/1: 267-269

Во одговор на бугарската инвазија, во наредната година (756) Константин V Копроним презел голем поход кон Бугарија, на чие чело најверојатно во тоа време се наоѓал Винех.Златарски, I/1: 272 Една војска била испратена со флота од 500 бродови кон Дунав каде нанеле голем пораз на бугарските сили.Златарски, I/1: 269-270 Самиот цар со главните сили заминал во Тракија. Бугарите го пресретнале крај граничната тврдина Маркели (кај денешниот Карнобат). мини|дясно|270п|Константин V и неговиот татко Лав III Исавријанин

Деталите за борбата не се познати, но таа завршила со победа на Константин. За да се избегне непријателска инвазија во своите земји, Бугарите испратиле заложници во Цариград.Златарски, I/1: 270 Три години подоцна (759) Константин сепак повторно извршил напад во Бугарија, но претрпел пораз во Битката кај Ришкиот превој.Златарски, I/1: 274-275 По битката, ханот Винех добил можност да ја нападне непријателската територија. Но наместо тоа, тој започнал мировни преговори. Ова дело му го навлекла гневот на аристократијата, поради која причина бил убиен во 761 година.

По големата победа на Бугарите во Битката кај Ришкиот превој во 759 година, Константин V започнал нов воен поход против Бугарија. Во самата Бугарија по Битката кај Ришкиот превој имало меѓусебни конфликти кои завршиле со победа на бојлите од родот Угаин. Иако имал успех против Византија, бугарскиот хан Винех бил убиен, а на негово место застанал Телец од родот УгаинЗлатарски, I/1: 276, 281.

Новиот владетел презел катастрофални напади во Тракија. Ова го принудило на византискиот цар да преземе повторен поход против Бугарите. Во јуни 763 година византиските војници на чело со Константин V се доближиле по копно до Анхијал, во непосредна близина на Стара Планина и бугарските граници. Посебна армија од скоро 10.000 коњаници била испратена против Бугарија по море со флота од 800 бродови.Златарски, I/1: 282 Битката била долготрајна со големо крвопролевање. Конечно Телец бил принуден да се спасува со бегство. Византијците исто така имале големи загуби.<ref>Златарски, I/1: 283</refЖеков, Военната тактика <ref>Веднаш по победата Константин V се вратил во Цариград. Големиот број убиени, кои ги имала византиската армија, и фактот што сојузничките словенски племиња на Телец ја продолжиле заштитата на превоите на Стара Планина, го принудиле на Константин да се откаже од влегување во внатрешноста на БугаријаБешевлиев, 90

Во последната четвртина на 8 век бугарската држава излегла од домашната криза во која бил ставен крај на династија Дуло.Златарски, I/1: 320-321 Владетелите Телериг и Кардам успеале да ја зацврстат централната власт и да стават крај на меѓусебните конфликти. Ова дало можност за започнување на бугарските напади во Македонија. Целта на овие напади била зазимање на областа и населувањето со словенски племиња кон државата со центар Плиска. Во 789 година, Бугарите пристигнале до течението на Струма каде на Византијците им нанеле голем пораз. За да ги принуди да се повлечат напаѓачите од Македонија, византискиот цар Константин VI (владеел во 780-797 година) презел офанзива во Северна Тракија, но во 791 година бил поразен во борба кај тврдината Проват.Златарски, I/1: 315-316 Битката кај Проват останала без решителен карактер. Поради тоа, во текот на летото на следната 792 година византискиот цар испратил повторно војска кон Бугарија. Кардам го пресретнал со војниците крај граничната тврдина Маркели. На крајот на јули Константин VI се решил да ја нападне тврдината. Пред почетокот на битката, бугарскиот владетел тајно ја скрил дел од својата коњаница зад ридовите, настрана од бојното поле. Поради нерамниот терен кај византиската армија започнала да владее голема паника. Кардам го искористил тоа и презел противнапад.Жеков, Ж. Военната тактика на българите VII-IX век Во овој противнапад бугарските сили доживеале голем успех. Коњаницата на Кардам го заобиколила на противникот и не му дозволила да замине кон тврдината.Шиканов, 48 По оваа победа, бугарските војски започнале напад кон царот, кој бил преследуван до Цариград. Византискиот цар бегајќи успеал да се спаси, но бугарските сили успеале да убијат голем дел од византиските началнициЗлатарски, I/1: 317. По поразот Константин VI бил принуден да склучи мир со Кардам. Според договорот, Византија се обврзила да плаќа данок на Бугарија. Четири години подоцна (796 година) царот прекинал со плаќањето. Ова води до нова војна во Тракија, која завршила без решителен судир.Златарски, I/1: 317-320 Непријателските активности меѓу Бугарија и Византија продолжиле и во времето на наследникот на Кардем, ханот Крум.