Елија Аријадна (Aelia Ariadne; 450-515) била византиска царица и сопруга на Зенон и Анастасиј I.

Семејство

Аријадна била ќерка на Лав I и Елија Верина, која пак била сестра на Василиск. Аријадна имала помала сестра Леонтија која била свршена со Флавиј Патрициј, син на Аспарт. Леонтија се омажила за Маркијан, син на Антемиј. Двојката предводела неуспешен бунт против Зенон во 478-479, по кое биле протерани во ИсавријаProsopography of the Later Roman Empire, vol. 2.

Аријадна имала и помал брат, роден во 463 година, кој починал пет месеци по раѓањето.

Брак

Аријадна се родила по смртта на Маркијан. На 7 февруари 457, Лав бил крунисан од страна патријархот Анатолиј Цариградски, прво вакво крунисување од страна на патријарх. Во тој момент Аријадна станала член на кралското семејство.

Аријадна се омажила во 467 година за цар Зенон и била прогласена за августа. Во август 467 година тие го добиле идниот Лав II, кој починал кога имал седум години на 17 ноември 474. Бидејќи Лав II бил премногу млад за да се владее, Зенон бил прогласен за соцар на 9 февруари 474, а по смртта на Лав, Зенон станал единствен цар, со Аријадна како царица.

Таа се омажила на 20 мај 491 година за Анастасиј I.

Аријадна починала во Цариград во 515 година и била погребана во црквата Свети Апостоли.

Наводи

Надворешни врски

Profile of her father Leo in the Prosopography of the Late Roman Empire Profile of her sister Leontia in the Prosopography of the Late Roman Empire

Категорија:Погребани во црквата „Свети Апостоли“ Категорија:Византиски царици Категорија:Династија Лав Категорија:Византијци од 5 век Категорија:Византијци од 6 век Категорија:Православни светци Категорија:Христијански светци од 6 век Категорија:Починати во 515 година