Годила — византиски војсководец, во служба за време на владеењето на Јустин I (518–527) и Јустинијан I (527–565).
Животопис
Годила првпат се спомнува во 518 година ако еден од службениците вклучен во прогласувањето на Јустин I за цар. Церемонијата е запишана во За церемониите, напишана од Константин VII (913–959) во век, при што неговиот чин бил кампидуктор на одред на ланкиари...
Во 528 година, Годила, заедно со Бадуариј, воделе воен поход од Одес (денес Варна) против хуните на Крим. Под водство на својот водач, Мугел, хуните освоиле византиски територии на крајбржјето на Црно Море.. Подоцна истата година, Годила се придружил на Аскум и Константиниол за да се соочот со инвазијата на хуните/бугарите во Тракија. Византиската армија успела да победи една група од напаѓачите, но подоцна паднале во заседа и биле нападнати и поразени од втора група на хуни/бугари. Двајцата Константиниол и Аскум биле заробени од нивните непријатели со употреба на ласа, ии само Годила усоела да побегне, како што е запишано од Јован Малала и Теофан Исповедник..
Неговиот воен чин во тој период за време на овие битки е непознат. Двајцата Аскум и Константиниол биле магистер милитум.Бидејќи Годила служел меѓу ним, и не се однесувал како подреде, најверојатно го имал истиот чин, како магистер милитум или како Магистер милитум ваканс..
Наводи
Извори
Категорија:Византијци од 6 век Категорија:Војсководци на Јустинијан I